Железници (науч. Sideritis) ― род на цветни растенија познати по нивната употреба како хербален лек, најчесто во форма на билен чај, и често се нарекуваат само „планински чај“. Тие се изобилни во медитеранските региони, на Балканот, на Пиринејскиот Полуостров и Макаронезија, но може да се најдат и во Средна Европа и умерена Азија.
Историја и етимологија На грчки, „сидеритис“ (грчки: σιδηρίτης) може буквално да се преведе како „оној што е направен од железо“, па пттаму името на многу јазици. Растението им било познато на античките Грци, поточно на Педаниј Диоскорид и Теофраст. Иако Диоскорид опишува три вида, се смета дека само еден (веројатно S. scordioides) припаѓа на Sideritis. Во античко време, Sideritis бил генерички назив за растенија способни за лекување на рани предизвикани од железно оружје за време на битките. Сепак, други сметаат дека името произлегува од обликот на чашкиното ливче, кое наликува на врвот на копје.
Таксономија мини|Sideritis scardica Во 2002 година, молекуларно филогенетски истражувања откриле дека Sideritis и пет други рода се вградени во Stachys. Ќе бидат потребни дополнителни студии пред да можат да се ревидираат овие два рода, и нивните најблиски роднини.
Според некои извори, се препознаваат и се категоризираат до 319 различни видови, подвидови, екотипови, форми или сорти, вклучувајќи:
Sideritis barbellata Mend.-Heu. - ендемски вид за Канарските Острови, Ла Палма Шпанија Sideritis candicans Aiton - ендемски вид за Мадејра, Бужиу и Порто Санто. Sideritis curvidens - го има во Македонија Sideritis cypria Post - ендемски вид за Кипар Sideritis elica - ендемски вид за Родопите, Бугарија Sideritis euboea Heldr - најден на островот Евбеја Sideritis hyssopifolia L. - го има на Пиринејски Полуостров Sideritis lanata L. - потекнува од Балкан, го има во Македонија Sideritis leucantha Cav. - ендемски вид за Шпанија Sideritis macrostachyos Poir. - ендемски вид за Тенерифе Sideritis montana L. - потекнува од Евроазија, од Шпанија до Кина, го има во Македонија Sideris perfoliata - го има во Македонија подвидот subsp. athoa Sideritis purpurea Talb. - го има во Грција и Крит Sideritis pusilla Sideritis raiseri Boiss & Heldr - најден на планината Томор во Албанија, го има во Македонија Sideritis romana L. - го има околу Медитеранот Sideritis scardica Gris. - ендемски за Шар Планина, го има од Косово, Македонија и Албанија. Sideritis syriaca L., S. cretica Boiss, S. boissieri Magn. - најден во Сирија, Турција, Крит Sideritis theezans Boiss & Heldr - најден на Пелопонез
Ботаничарите наидуваат на тешкотии при именувањето и класификацијата на сортите Sideritis поради нивните суптилни разлики. Еден особено збунувачки случај е оној на S. angustifolia Lagasca и S. tragoriganum Lagasca.
Опис Родот е составен од кратки (8–50 см) ксерофитски полугрмушки или билки, едногодишни или повеќегодишни, кои растат на голема надморска височина (обично над 1000 метри) со малку или без почва, често на површината на карпите.
Цветовите се собрани во двоцветни до повеќецветни, густо збиени до раздалечени прешлени. Прицветничиња отсуствуваат. Чашката е ѕвончевидна, со 10 ребра и со 5 запци, запците се еднакви помеѓу себе, или најгорниот забец е подолг во однос на останатите четири. Венчето е обично жолто, прашниците се четири, скриени во венечната трубичка.Владо Матевски: Флора на РС Македонија, том 2, свеска 2, стр. 235 МАНУ, Скопје, 2021
Галерија
Употреба лево|мини|Чај Во Албанија, Бугарија, Грција, Македонија и Турција, Sideritis scardica, Sideritis clandestina, Sideritis syriaca, Sideritis perfoliata и разни други видови се користат како билки или за подготовка на билни чаеви или поради нивните ароматични својства во локалните кујни. Билниот чај најчесто се подготвува со декокт, со варење на стебленцата, листовите и цветовите во тенџере со вода, а потоа често се служи со мед и лимон.
Некои растенија од родот имаат историја на употреба во традиционалната билна медицина. Истражувања за потенцијалните ефекти се спроведени на универзитети во Холандија и на јужен Балкан каде што растението е автохтоно.
Хемиските состојки вклучуваат дитерпеноиди и флавоноиди.
Одгледување Sideritis raeseri е најчесто одгледуваниот вид од овој род на растенија во Албанија, Бугарија, Грција и Македонија. Садењето се препорачува во текот на два периода (октомври-ноември или февруари-март на северната хемисфера), а собирањето во јули, кога е во полн цвет. Растението обично се суши пред употреба.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Железници (род) Категорија:Билни чаеви Категорија:Флора на Европа Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ