Ашиклар (, Ликовуни; до 1926 г. Ασικλάρ, Асиклар) — поранешно село во Скечанско, Западна Тракија, на територијата на денешната општина Скеча во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија Селото се наоѓало северозападно од Скеча и Саришабан, југоисточно од селото Бук, во подножјето на планината Урвил, на надморска височина од 270 м. Во близина се наоѓало поголемото село Бајрамли.
Историја
Во XIX век Ашиклар било турско село во Саришабанската Каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 125 жители, сите Турци.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 72 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 62 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се населиле неколку бегалски семејства (вкупно 45 бегалци). Во 1926 г. селото е преименувано во Ликовуни (Λυκοβούνι), во превод „волчја планина“.
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 81 жител.
По 1960-тите години селото е наполно раселено, а неговите жители се иселиле во други околни села или во поголемите градови.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Живоносен Извор“
Наводи
Забелешки
Категорија:Историски села во Скеча