Коста Машу или Машо (Велес, 1829 — Велес, 1905) — македонски трговец и адвокат од влашко потекло. Деец на Романската пропаганда во Велес. Родоначалник на влашкото трговско семејство Машови. Животопис Коста Машу е роден во 1829 година во Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Во 1820-тите неговото семејство било прогонето од Москополе, во 1825 година се преселиле во Велес. Коста Машу се оженил со Анастасија Богоева-Машу.

Во 1860-тите се занимавал со трговија. Успешно се проширил во Велешко, Кумановско, Солун и Австроунгарија. Со неговите пари ги откупувал велешките села и ги ослободил од чифлигарскиот систем. Коста Машу сметал дека влашкото прашање требало да се реши во рамките на романски интереси.

Коста Машу бил основоположник на романската пропаганда во градот. Неговата куќа во 1 септември 1893 година почнала да функционира како романско училиште за Власите. Машу бил претседател на Влашката општина во Велес.

Машу починал во 1905 година. Имал 5 деца од кои 4 биле машки: Петар, Трајан, Пандели и Роман. Сите од нив подоцна учествувале во Борбата за Македонија. Додека неговата ќерка Олга, се омажила со Панче Васков, деец на Македонската револуционерна организација.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1829 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Починати во 1905 година Категорија:Македонски трговци Категорија:Македонски Власи Категорија:Македонски политичари Категорија:Романски политичари Категорија:Македонски адвокати