Превртенец (, Деликли Ќаја) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓало во непосредна близина на селото Врбени, на самиот пат од градот Вртикоп за градот С’ботско.
Сместено е на 10 километри северно од општинското средиште Вртикоп.
Историја
Превртенец била мала чифлигарска населба, која македонските жители го напуштиле селото пред 1913 година поради разбојништва и се засолниле во селото Цакони, Мегленско.
Стопанство
Главно занимање на населението било земјоделството.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Привиртенец (Privirténetz) е село во Воденската Каза со 63 куќи и 244 жители Македонци.„Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.“ Македонски научен институт, Софија, 1995, стр. 158 - 159.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Превртенец живееле 54 Македонци.Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Приварјанец (Privarjanetz) имало 30 Албанци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
Оваа населба во пописот од 1913 година била забележана со 55 жители (веројатно сточарски семејства, бидејќи македонското население го напуштило селото), додека во пописот од 1920 година се водела само со еден жител. Населбата не била обновена, поради што и се распаднала, така што не се спомнува повеќе.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол.
Наводи
Белешки
Категорија:Историски села во Вртикоп