Надежда Викторовна Тројан (, Nadzieja Viktaraŭna Trajan; ; 24 октомври 1921 – 7 септември 2011) била советски руски разузнавачки офицер, а служела и како медицинска сестра во партизанска единица. Таа е најпозната по нејзината улога во атентатот врз Вилхелм Кубе, за што таа и нејзините соучесници биле почестени со титулата Херој на Советскиот Сојуз на 29 октомври 1943 година.
Ран живот Надежда Викторовна Тројан е родена на 24 октомври 1921 година во работничко руско семејство во селото Дриса, кое се наоѓа во Витебската област, денешна Белорусија. Нејзиното семејство често се селело во различни делови на Советскиот Сојуз, вклучувајќи ги Чеченија и Сибир. Таа завршила десет одделенија со одлични оценки, а потоа се запишала да следи обука во Московскиот медицински институт, но се префрлила во Минскиот медицински институт кога нејзиното семејство се преселило во Минск.
Втора светска војна По германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941 година, германската армија брзо ја презела контролата врз родниот град на Тројан, по што таа била принудена да ги чисти касарните на Вермахтот. Подоцна била преместена на должност во кујна, и работела со неколку воени заробеници. Таа пронашла памфлет против окупацијата во својот двор, и разделила неколку примероци, но откако нејзиното семејство се преселило во Смалјавичи, таа повеќе се вклучила во движењето на отпорот, посебно откако дознала дека колешката медицинска сестра во болницата каде што работела, Њура Косаревскаја, им помагала на група партизани.
На крајот, Тројан ја стекнала довербата на Косаревскаја, а Тројан ѝ помагала на партизанската единица работејќи како преведувачка, бидејќи прилично знаела германски јазик. Тројан почнала да дели летоци напишани на германски јазик, кои биле наменети за војниците на Вермахтот, а потоа ги криела на дното од контејнери со храна што им се продавала на германските трупи. Шверцувала оружје и залихи за отпорот во Минск секогаш кога германски офицер ја носел во Минск. Подоцна во текот на летото 1942 година, Германците станале посомничави кон неа, па ја принудиле да гледа масовна егзекуција на наводни партизани. После тоа, таа успеала да го напушти Смалјавичи, и почнала да работи како медицинска сестра во партизанската единица „Дјади Коли“. Потоа била распоредена во петтиот пододред, кој требало да ги отргне возовите од шините, да ја уништи германската опрема, и да им помогне на советските затвореници да избегаат.
Во пролетта 1943 година, на Тројан ѝ била доделена опасната задача да пронајде некој што ќе го убие Вилхелм Кубе, висок член на СС, и генерал-комисар на Белорусија, која тогаш била окупирана од нацистите. Тројан на крајот се одлучила за една млада жена по име Јелена Мазаник, која работела во куќата на Кубе како слугинка, и била сестра на друга партизанка, Валентина Шчуцкој. Мазаник на почетокот многу се плашела, и не ѝ верувала на Тројан, но откако сестрата ѝ го потврдила идентитетот на соучесникот кој ќе ја обезбеди бомбата, Марија Осипова, Мазаник се смирила и се согласи со планот. Мазаник ја поставила бомбата, и атентатот поминал според планот. На крајот за оваа акција сите три членки на заговорот, вклучувајќи ја и Надежда Тројан, била прогласени за Херој на Советскиот Сојуз на 29 октомври 1943 година. До крајот на војната, Тројан продолжила да учествува во активностите на отпорот.
Подоцнежен живот мини|Тројан на поштенска марка на Русија за 2025 година Тројан дипломирала во 1947 година на медицинскиот факултет во Москва и станала хирург. Таа станала кандидат за медицински науки во 1962 година откако ја завршила својата дисертација, по што работела за Министерството за здравство во Централниот научно-истражувачки институт за здравствено образование на СССР, а на крајот станала и директор на програмата. Нејзиниот син Алексеј станал кардиоваскуларен хирург. Надежда Тројан починала во Москва на 7 септември 2011 година на 89-годишна возраст.
Наводи
Категорија:Советски партизани Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Херои на Советскиот Сојуз