Хоџалар (, Ставрохори; до 1926 г. Χοτζαλάρ, Хоѕалар) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 45 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа 11 км северозападно од Крстополе, непосредно до Хусеинќој, во падините на Западните Родопи, над левата страна на Места, на надморска височина од 160 м. Крај Хоџалар минуваат државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча) и железничката пруга Солун-Дедеагач.
Историја Во XIX век Хоџалар било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 90 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 197 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 31 бегалско семејство (вкупно 127 бегалци) од Понд и Мала Азија, така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Ставрохори (Σταυροχώρι).
Стопанство Населението произведува тутун, пченка, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква
Манастири Манастир „Св. Рафаил, Никола и Ирина“
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)