Општина Сунгурларе () — општина во Југоисточна Бугарија, една од составните општини на Бургаската област. Административен центар е градот Сунгурларе. Има 11.864 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во најсеверозападниот дел на Бургаската област. Со површина од 794,967 км² таа го зазема 3-то место меѓу 13-те општини во областа, што претставува 10,26% од вкупната територија на областа.

Релјефот на општината е разновиден – рамничарски, ниско и средно планински. Централниот и југоисточниот дел е зафатен од опширното Сунгурларско Поле, кое претставува северозападно разклонување на Карнобатската Котлина. По периферијата на општината се расположени падините на Источна Стара Планина.

Самоуправа Општината се состои од 28 населени места, од кои 1 град и 27 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Бероново Босилково Ведрово Везенково Велислав В’лчин Горово Грозден Д’бовица Есен Завет Камчија Климаш Костен Лозарево Лозица Манолич Подвис Прилеп Пчелин Садово Скала Славјанци Сунгурларе С’единение Терзијско Черница Чубра

Поврзано Бургаската област Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Сунгурларе

Сунгурларе