Кеј-поп: Ловци на демони () — американски долгометражен сметачко-анимиран филм од 2025 г. во жанровите мјузикл и градска фантастика, во режија на Меги Канг и Крис Апелханс. Сценариото е напишано во соавторство со Дања Хименес и Хана Макмејчан. Проектот е создаден од студиото Sony Pictures Animation за преносната услуга Netflix, а главните ликови ги озвучуваат Арден Чо, Ан Хјо Соп, Меи Хонг, Ју Џи Јонг, Ким Јун Џин, Даниел Де Ким, Кен Џонг и Ли Пјонг Хон.
Според дејството, членките на женската кеј-поп група „Хантрикс“ водат двоен живот како пејачки и ловци на демони. Тие ѝ се спротивставуваат на машката група „Саџа бојс“, чии членови се всушност демони.
Канг се вдахнала од културата на нејзината родна Република Кореја, особено од митологијата, демонологијата и жанрот кеј-поп. Производството на филмот започнало во март 2021 г. При создавањето на визуелниот стил, аниматорите се вдахнале од концертно осветлување, модна фотографија, музички спотови, аниме и корејски серии. Звучниот запис содржи музика од Марсело Зарвос и оригинални песни од различни изведувачи.
Содржина Дејството на филмот ги следи членките на светски познатата женска кеј-поп група „Хантрикс“, кои водат возбудлив двоен живот. Додека пред очите на јавноста тие се музички ѕвезди што настапуваат на распродадени концерти и ги освојуваат топ-листите, во тајност се обучени ловци на демони. Нивната мисија е да го заштитат светот од натприродни суштества што се закануваат да го нарушат мирот.
Главниот судир во приказната настанува кога групата се соочува со моќната машка група „Саџа бојс“. Зад нивната привлечна надворешност и популарност, членовите на оваа музичка група се всушност демони што ја користат својата положба во музичката индустрија за да ги остварат своите мрачни цели. „Хантрикс“ мора да ги искористат сите свои вештини, волшебно оружје и екипна работа за да ги победат демоните и да ја спасат својата култура и обожавателите од претстојното уништување.
Озвучување
| Арден Чо || Руми |- | Ан Хјо Соп || Џину |- | Меи Хонг || Мира |- | Џи Јонг Ју || Зои
Наводи
Надворешни врски Матична страница
Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Сеул Категорија:Филмови за демони Категорија:Оригинални филмови на Netflix Категорија:Филмови на Sony Pictures Animation Категорија:Американски музички филмови Категорија:Анимирани Филмови кои добиле оскар за најдобар анимиран филм