Општина Велико Трново () — општина во Северна Бугарија, една од составните општини на Великотрновската Област. Административен центар е градот Велико Трново. Има 86.849 жители (2022).

Географија Општината е сместена во југозападниот дел на Великотрновската Област. Со својата површина од 885,345 km2 го зазема 1-то место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 18,99 % од нејзината територија.

Релјефот на општината е многу разновиден — на југ е планински, во средишните делови е ридски и нископланински, а на север е рамничарски. Територијата на општината условно припаѓа на три физичкогеографски области во Бугарија — Средна Стара Планина, Средниот Предбалкан и Средната Дунавска Рамнина.

Самоуправа Општината се состои од 89 населени места, од кои 3 града и 86 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Арбанаси Балван Белчевци Бељаковец Бижовци Бојчеви Колиби Бојчовци Бочковци Бојановци Бранковци Буковец В’глевци Врлинка Велико Трново Велчево Ветринци Виларе Водолеј Војнежа Вонешта Вода Габровци Гаштевци Големаните Горановци Горен Еневец Дебелец Деветаците Дечковци Димитровци Димовци Дичин Дојновци Долен Еневец Долни Дамјановци Дунавци Емен Ивановци Илевци Јалово Јовчевци Килифарево Кисјовци Кладни Дјал Кл’шка Река Куцаровци К’пиново Лагерите Леденик Малки Чифлик Малчовци Марговци Миндја Мишеморков Хан Момин Сбор Нацовци Ниќуп Ново Село Осенарите Пирамидата Плаково Пожерник Поповци Присово Продановци Пушево Пчелиште П’ровци Радковци Рајковци Рашевци Ресен Русаља Русковци Самоводене Самсиите Сејмените Семковци Суха Река С’рненци Терзиите Тодоровци Ушевци Хотница Цепераните Церова Корија Цонковци Шемшево Шереметја Шодековци

Поврзано Великотрновска Област Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Велико Трново

Велико Трново