Општина Шабла () — општина во Североисточна Бугарија, една од составните општини на Добричката област. Административен центар е градот Шабла. Општината има 4.581 жители (2022).
Географија Општината се наоѓа во најисточниот дел на Добричката област и ја зафаќа најсевероисточната точка на Бугарија — ртот Шабла. Со површина од 329,64 км2 го зазема 6-то место меѓу 8-те општини во областа.
Релјефот на општината е целосно рамничарски, дел од плодната рамница Добруџа. На исток општината излегува на Црно Море, а на север граничи со Романија.
Самоуправа Општината се состои од 16 населени места, од кои 1 град и 15 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Божаново Ваклино Горичане Горун Граничар Дуранкулак Езерец Захари Стојаново Крапец Пролез Смин Стаевци Тврдица Тјуленово Черноморци Шабла
Наводи
Поврзано Област Добрич Општини во Бугарија
Надворешни врски Мрежно место на Општина Шабла
Шабла