Blackstonia perfoliata е вид цветно растение од семејството линцури кое расте околу Медитеранскиот басен, но се протега и во северозападна Европа.
Опис мини|лево|308x308пкс|Капсули и семиња
Blackstonia perfoliata расте од 10 до 50 см во височина, со цврсти, разгранети стебла. Листовите се сиви, спротивни и цели, горните се перфолирани, обединети во основата. Соцветието е составено од светло жолти цветови, кои се со пречник од 1 до 1,5 см. Чашката е длабоко поделена на 6-10 линеарни лобуси или чашкини ливчиња, спирално распоредени, слободни или речиси слободни еден од друг во основата и пократки од венечното ливче. Ливчињата се бројат од шест до десет, и формираат кратка цевка. Постојат шест до десет адхерентни прашници.
Екологија Овој вид расте во варовнички тревни површини и на дини. Цвета од јуни до октомври во Британија каде што е широко распространет, но не е чест. Патогените кои влијаат врз B. perfoliata ги вклучуваат Peronospora chlorae.
Во Македонија Варијантата Blackstonia perfoliata subsp. perfoliata расте во Дебар, Македонски Брод, Охрид, Гевгелија, Кожуф.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 25-26 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Варијантата Blackstonia perfoliata subsp. serotina се посочува за Охрид, Св. Наум и селото Николич.
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Европа Категорија:Линцури Категорија:Флора на Македонија