Татјана Сергеевна Макеева, родена Куртукова (9 септември 1993, Хабаровск, Русија) — руска пејачка, текстописец, глумица и педагог, која изведува руски фолк и бард музика. Таа станала популарна и низ цела Русија и пошироко со песната „ Матушка “.
Биографија Таа е родена на 9 септември 1993 година, во Хабаровск, нејзината мајка е политиколог, а нејзиниот татко инженер. Во детството, таа се преселила со своите родители во Пенза, кој го смета за свој роден град.
На четиригодишна возраст, таа започнала да учи во детското уметничко училиште „Лира“ на програмата за пијано. Подоцна, истовремено се запишала и на фолклорна програма. По завршувањето на музичкото училиште, таа се запишала на Пензенскиот колеџ за уметности, специјализирајќи „хорско диригирање“.
Во 2012 година, таа била примена на Државниот институт за музика и педагогија „М.М. Иполитов-Иванов“ во Москва, продолжувајќи ги студиите на вокално-хорскиот и диригирачкиот оддел, со фокус на „народно пеење“.
Во 2016 година, таа добила диплома за „Концертен изведувач. Ансамблски солист. Наставник“. По дипломирањето на Институтот „Иполитов-Иванов“, таа започнака да предава на Пензенскиот колеџ за уметности, а истовремено студирала на Пензенскиот државен универзитет, каде што магистрираше на тема „Психолог-едукатор“.
Таа изведува народна музика уште од училишните денови, учествувајќи во фолклорни експедиции. Според неа, таа се заинтересирала за музика уште од рана возраст.
Во 2022 година, Татјана Куртукова ги издала сингловите „Матушка“ и „Руска зима“, со текст и музика од Петр Андреев.
Таа ја извела песната „Матушка“ на телевизискиот канал Русија-1 во емисијата „Песни од срце“ на Андреј Малахов.
Личен живот Во 2019 година, таа се омажила за Никита Макеев, адвокат по меѓународно право. Татјана го зела презимето на својот сопруг, но настапува под нејзиното моминско презиме. Двојката добила ќерка, Евника, во 2023 година.
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Руски пејачи