Станари — село и седиште на истоимена општина во северниот дел на Република Српска, Босна и Херцеговина. Основано во 2014 година, откако се одвоило од општината Добој. Од 2013 година, има население од 6.958 жители, додека самото населено место Станари има населени од 1015 жители

Историја До 1958 година, Станари била независна општина.

Географија Населбата се наоѓа во слив на река Укрина, на север од Република Српска.

Економија Станари е познат по својот рудник за лигнит и термоцентрала. Рудникот е исто така главен извор на приход за локално население. На 11 ноември 2011 година, Влада на Република Српска издала одобрение за изградба на термоцентрала Станари. Термоцентрала има капацитет од 300 мегават часови (MWh) и произведува два милиони MWh електрична енергија годишно.

Спорт Населбата е дом на фудбалски клуб Рудар, како и на рагби клуб со исто име.

Образование Првот училиште било отворено во 1896 година.

Во самата населба има деветкласно основно училиште наречено „Десанка Максимовиќ“. Во областа Станари нема средно училиште, па затоа локални ученици најчесто го продолжуваат своето образование во Добој.

Религија и култура Во Станари има православна црква посветена на Света Петка Параскева, изградена во 1924 година. Во населба има споменик на паднатите војници од Втора светска војна, како и два споменика на паднати војници од Граѓанска војна во Босна и Херцеговина .

Население Националност 2013 година 1991 година. 1981 година. 1971 година. 1961 година. Срби 997 1.204 1.143 1.176 Хрвати 8 20 13 17 Муслимани 0 1 2 3 Југословени 4 45 89 7 останати и непознати 6 29 54 21 Вкупно 1.015 1.299 1.301 1.224

Наводи

Надворешни врски

Спортско-туристичка организација Станари Карта и временска прогноза во Станари

Категорија:Населени места во Република Српска Категорија:Општини во Босна и Херцеговина