Млеч () — вид на јавор домороден во Европа и Западна Азија, од Шпанија на запад до Русија, на исток, јужна Скандинавија на север и југоисточен до североисточен Иран.Flora Europaea: Acer platanoides distributionDen virtuella floran: Acer platanoides distribution It was introduced to North America in the mid-1700s како дрво за сенка. It is a member of семејството на сапуновите (Sapindaceae). Наречен е „млеч“ поради млечниот сок кој се содржи во лисните дршки.

Застапеност во Македонија Во Македонија ова дрво е застапено во појасот на букови и мешани елово-букови шуми. Познато е за Шар Планина (Љуботен и Лешница), клисурата на Мавровска Река, во Маврови Анови, на Пелистер над с. Нижеполе, крај Црвена Река, на Кожуф (Круша) и на Беласица (кај с. Банско).

Забележано е на Јакупица, на Беласица (с. Габрово), на Осогово (Царев Врв), во Кавадаречко (с. Дреново), во Прилепско (с. Радобил), на Стогово, во Горна Радика, во Гостиварско (Буковиќ), на Галичица, на Скопска Црна Гора и на Осој.

Опис Млечот е листопадно дрво со висина од 20-30 м, труп со пречник до 1,5 м и широка заоблена крошна. Кората е сиво-кафеава и плитко избраздена. За разлика од многу други јавори, возрасните дрва немаат влакнеста кора. Младите изданоци најпрвин се зелени, а набргу стануваат свелокафеави. Зимските пупки имаат сјајна црвено-кафеава боја.

Листовите се спротивни и дланчести со по пет залистоци, долги 7-14 см и широки 8-25 см; секој залисток има еден до три бочни запци, и инаку мазни рабови. Лисната дршка е долга 8-20 см и лачи млечен сок ако се скрши. Наесен имаат жолта боја, а понекогаш портокалово-црвена.

мини|Цвет одблизу Цветовите се штитовидни соцветија со 15–30 члена, жолти до жолтозелени со пет чашкини и пет венечни ливчиња долги 3-4 мм; дрвото цути рано напролет, пред да излезат новите листови. Плодот е двојно крилесто оревче со две семки; семките се округли и плочкести, многу сплеснати, со пречник од 10-15 мм и дебелина од 3 мм. Крилцата се долги 3-5 см, и многу раширени, под агол од речиси 180°. Дрвото обично дава големо количество на ’ртливи семиња.

Под идеални услови во домородните живеалишта млечот живее до 250 години, но често има пократок животен век; на пример, во Северна Америка понекогаш доживува само 60 години. Кога е засаден на улици, корењата немаат доволно простор да се шират и имаат склоност да се заплеткуваат, со што го стегаат и убиваат дрвото. Покрај тоа, корењата се прилично плитки и лесно им ја одземаат храната на соседните растенија. Бидејќи дрвото не е жилаво, во услови на силен ветер млечот предизвикува голема штета во населените средини.

Класификација и распознавање мини|Дрво во цут мини|Кора

Млечот е член (и типски вид) на одделот Platanoidea Pax, за кој се својствени заразмнети дисковидни семки и изданоци и листови што содржат млечен сок. Други сродни видови од овој оддел се кленот (Acer campestre), кападокискиот јавор (Acer cappadocicum), Лобеловиот јавор (Acer lobelii) и потсечениот јавор (Acer truncatum). Млечот се разликува од кленот по тоа што има поголеми листови со шилести (наместо заоблени) залистоци, а од другите видови по присуството на еден или повеќе запци на сите залистоци.

Ова дрво често се меша со помалку сродниот шеќерен јавор (Acer saccharum). Шеќерниот јавор лесно се разликува по тоа што сокот во лисната дршка му е бистар; лисните дршки на млечот имаат бел млечен сок. Врвовите на листовите на млечот завршуваат со тенко „влакно“, а оние кај шеќерниот јавор се заоблени. Кај возрасните шеќерни јавори кората е порунтава, а кората на млечот има мали накрсни браздички. Листовите на млечот се потриаголни по облик, за разлика од поситно назабените залистоци на шеќерниот јавор кои се стеснуваат кон основата. Дрвото почнува да цвета и дава семиња на воразст од 10 години, но големи количества се појавуваат дури на возраст од 20 години. Млечот е хетеродихогамен — што значи дека има и протогини и протоандрични дрва (поретко и дуодихогамни дрва) — поединечните единки може да го менуваат половиот израз од година во година.

Плодовите на млечот се спарени крилести оревчиња со широко отворени крилца, за разлика од оние на горскиот јавор (Acer pseudoplatanus), кои се под агол од 90 степени. Семињата на млечот се сплеснати, а оние на шеќерниот јавор се топчести. Шеќерниот јавор има посветла портокалова боја наесен, а млечот е обично жолт, иако некои црвенолисни сорти димаат попортокалов изглед. мини|Млеч наесен Цветовите излегуваат напролет пред листовите и траат 2–3 недели. До разлистување доаѓа кога температураа е приближно и денот има 13 часа светлина. Листопадот почнува кога денот ќе се скрати на 10 часа. Зависно од географската ширина, листопадот може да се разликува за до три недели, почнувајќи од втората недела на октомври во Скандинавија и првата недела на ноември во јужна Европа. За разлика од некои други јавори кои чекаат почвата да се затопли, на семињата на мчечот им треба само три месеци изложеност на температури пониски од за да из’ртат рано напролет, временски близу до разлистувањето. На млечот не му требаат минусни температури за добар раст; меѓутоа, приспособен е на посеверни краишта со долги летни денови и не успева добро ако се засади јужно од 37-миот напоредник, јужна граница на неговото живеалиште во Еропа. Покрај тоа, највеќето дрва во Северна Америка се потомци на единки донесени од Германија, на приближно 48° до 54° СГШ, а не појужните екотипови што виреат во Италија и на Балканот кои еволуирале за слични светлински услови како континенталните САД. Обилноста на семето и високиот степен на ’ртење придонесуваат кон неговата инвазивност во Северна Америка, каде образува густи еднотипни заедници што ги задушуваат домородните видови. Дровото е способено да расте во услови на слаба светлина под шумска покривка, се разлистува порано од највеќето северноамерикански видови јавори, и сезоната на раст му се продолжува бидејќи светлинските услови во САД доведуваат до есенско мирување што се случува подоцна отколку во посеверните краишта во Европа. Ова е еден од малкуте внесени видови кои успешно да освојат прашуми. За споредба, во домородните живеалишта млечот ретко е доминантен вид и најчесто се јавува како расеано во подрастот.

Одгледување и употреба

Дрвото е тврдо, жолтеникаво-бело до бледоцрвенкаво без изразена срцевина; се користи за мебел и во дрвостругарството. Меѓу јаворите важи за вид со средна тврдост. Дрвото се смета за нетрајно до подложно на гниеж. Во Европа се користи за мебел, подови и музички инструменти, особено за виолини.

Млечот се одгледува во многу краишта, вклучувајќи ја западна Европа, северозападно од природното живеалиште. Расте северно од Северниот Поларник кај Тромсе, Норвешка. Во Северна Америка се сади на улици дури на север до Енкориџ, Алјаска. Во Онтарио се одгледува нашироко на север до Су Сент Мари и Садбери; иако не е секогаш издржливо во посеверни предели, денес расте во Капускејсинг и Ироква Фолс, па дури и Мус Фектори. Највеќе се препорачува во зони на издржливост од 4 до 7 (според USDA) но расте и во поотопли зони (барем до зона 10) каде летнатите температури се умерени, до тихоокеанскиот брег на југ до Лосанџелеската Котлина. Претпочита повлажна океанска клима.History and Range of Norway Maple Во 1950-тите и 1960-тите млечот добил на популарност како улично дрво поради големоразмерното изумирање на американски брестови од холандската брестова болест.

Се цени поради високото стебло и издрлживоста на сиромашни набиени почви и урбаното загадување — услови тешки за шеќерниот јавор. Стекнал популарност како вид за бонсаи во Европа, за средни и големи бонсаи-дрва во најразлични стилови. Обично не се одледува за сладот поради пониската концентрација на шеќер во сокот споредено со шеќерниот јавор.

Сорти Добиени се многу сорти на млеч со својствени облици на листовите и обоеност, како темновиолетовите „Гримизен крал“ и „Шведлери“, шареноликите листови на „Драмондии“, светлозелената „Смарагдна кралица“ и реско поделените пердувести листови на „Дисектум“ и „Лорбергии“. Сортите со виолетови листови имаат портокалови до црвени лисја наесен. „Колумнаре“ има тесен и исправен раст. Сортите „Гримизен крал“ и „Приголд“ (Принстонска златна) се стекнале со Наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво од Англија.

Како инвазивен вид во Северна Америка Млечот е внесен во северозападна Северна Америка некаде помеѓу 1750 и 1760 г. како украсно дрво за сенка. Донесен е на Тихооканскиот Северозапад во 1870-тите. Денес млечот е најчесто во Тихоокеанскиот Северозапад, во јужно Онтарио и долж реката Кенебек во јужен Мејн. Корењата растат многу блиску до површината и им ја земаат влагата на другите растенија. На пример, тревата за тревници (па дури и коров) слабо расте под млеч, но бршленот, поради минималните потреби за коренување, сепак успева одлично. Покрај тоа, густата покривка на млечовите може да го загрози растот на подрастот. Млечот е помалку подложен на брстење од шеќерниот јавор, што му дава конкурентна предност над второспоменатиот вид. Поради овие особености се смета за инвазивен во некои сојузни држави, а забранет е за продажба во Њу Хемпшир и Масачусетс. Државата Њујорк исто така го прогласила за инвазивен вид. И покрај овие мерки, млечот е широко достапен и употребуван во урбаните средини.

Природни непријатели Ларвите на разни видови молци се хранат со листови на млеч. Таков е јаворовиот минерски молец (Ectoedemia sericopeza). Лаврите излегуваат од јајца положени на крилестото оревче и прават дупки во семето. Видот нема озбилни заболувања, иако може да биде нападнат од пепелница (Uncinula bicornis) и вертицилиумско венеење предизвикано од Verticillium spp.Phillips, D. H., & Burdekin, D. A. (1992). Diseases of Forest and Ornamental Trees. Macmillan . Дамките што ги предизвикува црната јаворова пегавост (Rhytisma acerinum) се чести, но претежно безопасни. Aceria pseudoplatani e крлеж кој предизвикува „кадифена шикла“ на опачината од листовите кај горскиот јавор (Acer pseudoplatanus) и млечот.Plant Galls

Наводи

Надворешни врски

Acer platanoides — информации, единици за генетско зачувување и поврзани ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN) Портрет на Земјата: Acer platanoides

Категорија:Јавор Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј