Пелагиќево — село и седиште на истоимена општина во Република Српска, Босна и Херцеговина. Според конечни податоци од пописот од 2013 година, село Пелагиќево имало вкупно 2.529 жители, а истоимената општина 5.220 жители.

Првично се викало Горњи Жабар до 1970 година, кога било преименувано по Васа Пелагиќ, претставник на утопискиот социјализам во Србија во втората половина на деветнаесеттиот век, роден во селото во 1833 година.

Тука е храмот на Свети Илија во Пелагиќево.

Историја Пелагиќево било именувано по српски просветител Васо Пелагиќ. Во 1991 година, населба Пелагиќево е поделена на две месни заедници: МЗ Пелагиќево со 2.233 жители и МЗ Ќендиќи со 836 жители.

Споменик Споменик во Пелагиќево бил подигнат во спомен на 84-те паднати војници на Армијата на Република Српска.

Спорт Пелагиќево е седиште на истоимен фудбалски клуб.

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб-страница на општина Пелагиќево (језик: српски) Радио Телевизија на Република Српска: Пелагиќево: Прогласена состојба на природна катастрофа, 15.6.2012. (језик: српски) Радио-телевизија на Република Српска: Пелагиќево: Израелците градат фабрика, работни места за 150 работници, 27.2.2017. (језик: српски)

Категорија:Населени места во Република Српска Категорија:Општини во Босна и Херцеговина