Бранко Бауер (18 февруари 1921 – 11 април 2002) — хрватски филмски режисер. Се смета за водечка фигура на класичното наративно кино во хрватската и југословенската кинематографија од 1950-тите.

Животопис Бауер се заинтересирал за киното уште како ученик. За време на Втората светска војна, тој ги посетувал месните кина во Загреб, кои биле многу популарни за време на нацистичката окупација. Неговиот татко Чедомир Бауер и тој ја криеле нивната еврејска станарка Љерка Фрајбергер од хрватската усташка полиција во 1942 година. Како резултат на овие постапки, Јад Вашем ги почестил двајцата како Праведници меѓу народите во 1992 година.

Во 1949 година, Бранко почнал да работи во студиото „Јадран филм“ со седиште во Загреб како режисер на документарни филмови. Неговиот деби игран филм бил детскиот авантуристички филм од 1953 година „Синиот галеб“ (Sinji galeb), кој ја издвоил неговата работа од тогашните југословенски продукции преку живописен визуелен стил и природна глума.

Избрани дела

Не врти се сине Бауер станал еден од најпочитуваните режисери во Југославија по неговиот трет филм, воениот трилер од 1956 година „Не врти се сине“ (Ne okreći se sine). Филмот раскажува приказна за борец на отпорот од Втората светска војна кој бега од воз на пат кон концентрациониот логор Јасеновац и се враќа во Загреб во обид да го пронајде својот син и да им се придружи на партизаните во хрватската заднина. Сепак, тој сфаќа дека неговиот син е во усташки интернат и дека му е испран мозокот. Јунакот успева да избега од градот со својот син, но во текот на нивното патување, тој е принуден да го лаже својот син за нивните постапки. Филмот е лабаво заснован на трилерот на Керол Рид „Чуден човек“, а неговата последна сцена - која била и вдахновение за насловот на филмот - била вдахнета од филмот на Дизни „Бамби“.

Три девојки по име Ана Следниот филм на Бауер бил играниот филм од 1957 година „Само луѓе “ (Samo ljudi), мелодрама вдахновена од филмовите на Даглас Серк. Филмот доживеал критички неуспех, главно затоа што мелодрамата не се сметала за сериозен жанр во комунистичка Југославија во 1950-тите. По тој филм, Бауер работел за македонска продуцентска компанија и го направи „Три Ани“ (Tri Ane; 1959), филм под влијание на неореализмот, понекогаш споредуван со „Умберто Д.“ од Виторио де Сика . „Три Ани“ раскажува приказна за еден старец кој живее сам верувајќи дека неговата ќерка била убиена во Втората светска војна како дете. Одеднаш, човекот добива информации дека таа можела да преживее и сега веројатно живее како возрасна личност во згрижувачко семејство. Грубото, автентично прикажување на повоената сиромаштија и пониските класи на општеството од страна на Бауер не било добредојдено од страна на власта, а филмот никогаш не бил прикажан во кината, но денес често се смета за „заборавено ремек-дело“ на Бауер и негов најдобар филм.

Следните два филма на Бауер биле комерцијално поуспешни - комедијата од 1961 година „Мартин во облаците “ (Martin u oblacima); и филмот од 1962 година „Прекубројна“ ( Prekobrojna, 1962), кој ја претставил Милена Дравиќ како идна југословенска суперѕвезда.

Лице в лице Веројатно најпознатиот филм на Бауер е филмот „Лице в лице“ од 1963 година (Licem u lice), филм кој се смета за прв југословенски политички филм. Раскажува приказна за бунтовнички работник кој го предизвикува управителот за време на состанок на комунистичката партија во огромно градежно претпријатие. Иако првично се сметал за контроверзен поради неговата политичка содржина, филмот на крајот добил поддршка од комунистичките функционери, што меѓу режисерите било разбрано како зелено светло за поотворено прикажување на општествено контроверзни теми. Српскиот режисер Живојин Павловиќ рекол дека „Лице в лице“ бил „најважниот филм снимен во Југославија до тоа време“., cited in

Подоцнежна кариера Во текот на 1960-тите, југословенските филмови се префрлиле на модернизмот, а Бауер не можел да се смести во авторско кино. Во 1960-тите тој режирал два неуспешни модернистички филма, а потоа не можел да добие средства за своите нови кино проекти. Во текот на 1970-тите, тој ја режирал ТВ-серијата „Салашот во Мали Рит“ (1976), воена драма сместена во Војводина, едно од најзапаметните дела на југословенската телевизија.

Прием кај критиката Во текот на 1950-тите и 1960-тите, Бауер бил сметан за мајстор на југословенското кино и уживал почит и од владата и од неговите колеги. Иако неговите филмови никогаш не го доведувале во прашање режимот, доминантниот сет вредности во овие филмови бил опишан како „старомоден“ и „буржоаски“: наместо вообичаеното величење на младоста и револуцијата, неговите филмови често ги фалеле пристојните, стари семејства од средната класа. Типичните херои на Бауер ги правеле правилните морални избори, не вдахновени од идеологија, туку водени од чувство на чест. Современиот хрватски режисер Хрвоје Хрибар еднаш напишал дека „Бауер имал чувство за слепата точка на [комунистичката] идеологија, па затоа ги ставал своите филмови на место каде што била што е можно поблиску, а сепак најмалку влијателна“. Сепак, до крајот на 1960-тите и 1970-тите, со подемот на модернистичкото кино, Бауер бил турнат настрана.

Кон крајот на 1970-тите, неговите дела беа повторно откриени од младите критичари како еден вид југословенска верзија на старите холивудски мајстори. Словенечкиот филмски историчар Стојан Пелко во Енциклопедијата за руско и источноевропско кино на Британскиот филмски институт напишал дека „Бауер беше за југословенските критичари она што Хокс и Форд беа за француските критичари на Новиот бран“. Значително критичкао преиспитување на делото на Бауер се случило од средината на 1980-тите. Во анкетата на критичарите кон крајот на 1990-тите за најголемите хрватски филмски режисери на сите времиња, Бауер го освоил второто место, зад Крешо Голик.

Филмографија Режија 1953 — Син галеб 1955 — Милиони на островот 1956 — Не врти се сине 1957 — Само луѓе 1959 — Три Ани 1961 — Мартин во облаците 1962 — Прекубројната 1963 — Лице в лице 1964 — Николетина Бурсаќ 1965 — Да се дојде и да се остане 1967 — Четвртиот сопатник 1975 — Зимовање во Јакобсфелс 1976 — Салашот во Мали Рит 1978 — Бошко Буха

Сценарио 1953 — Син галеб 1956 — Не врти се сине (заедно сo Арсен Диклиќ) 1959 — Три Ани (заедно со Арсен Диклиќ) 1962 — Прекубројната (заедно со Крешимир Голик) 1964 — Николетина Бурсаќ (заедно со Бранко Ќопиќ) 1967 — Четвртиот сопатник 1975 — Зимовање во Јакобсфелс (заедно со Арсен Диклиќ) 1976 — Салашот во Мали Рит (заедно со Арсен Диклиќ)

Награди и одликувања Филмски фестивал во Пула:filmski-programi.hr 1956 — Златна арена за режија на филмот „Не врти се сине“ 1962 — Награда ЦК на Народната младина на Југославија за режија на филмот „Прекубројната“ 1963 — Златна арена за режијана филмот „Лице в лице“ 1975 — Сребрена арена за сценарио на филмот „Зимување во Јакобсфелд“ 1976 — Бронзана арена за режију и Сребрна арена за сценарио филма „Салаш у Малом риту“ 1980 — Велика златна арена за целокупни филмски опус и авторски придонес за филмот Републичка награда на СР Хрватска „Владимир Назор“ за животно дело Орден на заслуги за народот со сребрен ѕвезда Орден братства и јединства со златен венец

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Хрватски сценаристи Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“ Категорија:Луѓе од Дубровник Категорија:Хрватски филмски режисери Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Статии со извори на српски (sr) Категорија:Статии со извори на хрватски (hr) Категорија:Статии со hCards Категорија:Југословенски режисери