Рајко Грлиќ (роден на 2 септември 1947 година) — хрватски филмски режисер, продуцент и сценарист. Тој е професор по филмска теорија на Универзитетот во Охајо и уметнички директор на Мотовунскиот филмски фестивал во Мотовун, Хрватска.
Животопис Рајко Грлиќ е роден во 1947 година во Загреб, СР Хрватска, ФНР Југославија. Неговиот татко бил Данко Грлиќ, познат хрватски филозоф. Семејството на Грлиќ (Герлих) по таткова страна дошло во Загреб од Шварцвалд, Германија во 19 век, додека неговата мајка Ева (моминско Израел) била од еврејско семејство од Сараево.
Дипломирал на Филмскиот факултет при Академијата за сценски уметности во Прага (FAMU) истовремено со Емир Кустурица, босански филмски режисер. За време на хрватската војна за независност, Грлиќ се преселил во САД.
Во 2017 година, Грлиќ ја потпишал Декларацијата за заеднички јазик на Хрватите, Србите, Бошњаците и Црногорците. десно|мини|250x250пкс|Рајко Грлиќ (десно), IFFI (2016)
Филмографија
Како режисер „И да пукне, нека пукне“ (1974), „Браво маестро“ (1978), „Само еднаш се љуби“ (1981), „Во челустите на животот“ (1984), „За среќа се потребни тројца“ (1986), „Ѓаволски рај“ (1989), „Чаруга“ (1991), „Жозефина“ (2002), „Караула“ (2006), „Нека остане меѓу нас“ (2010) и „Устав на Република Хрватска“ (2016).
Поврзано Прашка филмска школа
Наводи
Надворешни врски Официјален сајт на Рајко Грлиќ
Интервју со Грлиќ
! colspan="3" style="background: #DAA520;" | Пулски филмски фестивал
! colspan="3" style="background: #DAA520;" | Токиски меѓународен филмски фестивал
Категорија:Хрватски Евреи Категорија:Хрватски сценаристи Категорија:Хрватски филмски режисери Категорија:Хрватски атеисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1947 година Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски сценаристи