мини|Змискиот храм Змиски храм () — храм што се наоѓа во Сунгај Клуанг (Бајан Лепас, Пенанг, Малезија) и, по сѐ изгледа, е единствен од ваков вид во светот. Храмот е исполнет со чад од темјан и мноштво отровни змии. Стотици влекачи можат да се видат на ѕидовите и покривите, на гранките од дрвјата и во садовите за придонеси. Се верува дека змиите се смирени и ошеметени од светиот чад, но заради безбедност, од нив е и „измолзен“ (отстранет) отровот, иако нивните отровни заби и жлезди се оставени. Овие влекачи припаѓаат на вид што не е агресивен во текот на денот, а нивниот отров при поединечно каснување не е смртоносен за човекот. Постои верување дека змиите самите дошле во храмот, но се пишува и дека свештениците ги носат таму од околните места. Змиите што престојуваат во храмот се од видот храмовна кефија (Tropidolaemus wagleri), кои спаѓаат во семејството на отровници (исто како, на пример, палечките отровници и штракалките).Snake Temple — В. А. Погадаев. Малайский мир (Бруней, Индонезия, Малайзия, Сингапур). Лингвострановедческий словарь. М.: Восточная книга, 2012, с. 615
Храмот бил изграден околу 1850 г. во чест на Чо Су Конг (будистички монах исцелител), по иницијатива на будистички монах што пристигнал во Пенанг.
Чо Су Конг, од родот Тан, е роден во Кина за време на династијата Сунг (960–1279). Тој ги усовршувал своите духовни вештини и уште во младоста бил посветен во духовен чин. Според легендата, Чо Су Конг, кој исто така бил и исцелител, им дал засолниште на змиите од џунглата во својот дом. Кога починал на 65-годишна возраст, му било доделено почесното име Чо Су, што означува истакната историска фигура што се почитува од колено на колено. По изградбата на храмот, змиите наводно се појавиле таму по сопствена желба. Змискиот храм првично бил наречен „Храм на лазурниот облак“, во чест на убавината на небото над Пенанг.
Верници од Сингапур и Тајван редовно доаѓаат во храмот за да се помолат на денот на раѓањето на Чо Су Конг (шестиот ден од првиот лунарен месец).Виктор Погадаев. Паломничество к Храму змей. — „Вечерняя Москва“, 03.01.2001
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Будистички храмови Категорија:Пенанг Категорија:Змии во културата