Приветрени Острови () — источна група на Друштвените Острови во Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција во јужниот Тихи Океан. Порано го носеле името Георгиеви Острови (Georgian Islands) во чест на британскиот крал Џорџ III.
Географија Архипелагот претставува административна единица на Француска Полинезија и ги опфаќа следниве острови: Тахити Моореја Мехетиа Тетиароа Маиао Седиште на административната единица е градот Папеете на островот Тахити. Тахити, Моореја и Мехетиа се вулкански острови. Тетиароа и Маиао се корални атоли.
Култура Францускиот и тахитскиот се службени јазици во цела Француска Полинезија.
Управување Приветрените Острови ја сочинуваат истоимената административна единица Приветрени Острови (subdivision administrative des Îles du Vent), една од петте на Француска Полинезија. Таа географски се совпаѓа со изборната единица Приветрени Острови (circonscription des Îles du Vent), еден од шесте единици на Собранието на Француска Полинезија.
Поврзано Заветрени Острови (Француска Полинезија)
Наводи
Категорија:Друштвени Острови Категорија:Архипелази во Тихиот Океан