мини|Дел од прославата на Денот на вљубените во Техеран. Од средината на 2000-тите, Денот на вљубените станал сè попопуларен во Иран, особено кај младите. Сепак, тој е предмет на жестоки критики и од конзервативците, кои го гледаат како дел од ширењето на „декадентната“ западна култура. Од 2011 година, властите се обидуваат да ги обесхрабрат прославите и да воведат ограничувања за продажбата и производството на стоки поврзани со Денот на вљубените, иако празникот останува популарен од 2018 година. Дополнително, има напори Денот на вљубените да биде заменет со стариот персиски фестивал Сепандармазган кој е одржуван приближно во исто време.

Сепандармазган

Сепандармазган, или Есфандеган, е антички персиски фестивал во чест на жените и посветен на Спента Армаити, божествено битие во зороастризмот поврзано со земјата. Прославен кон крајот на февруари и почетокот на март, познат е и како ирански Ден на љубовта и е одбележуван со празник и размена на подароци меѓу мажи и жени. Од 2000-тите, желбата да биде спротивставено на западното значење на Денот на вљубените довело до обновен притисок за прославување на празникот., nitc.co.ir

Историја Елитата на Иран првпат се запознала со концептот на Денот на вљубените во средината на 1980-тите со отворањето на светските комуникациски канали, а празникот станува сè попопуларен во Иран, особено меѓу младите, од средината на 2000-тите. Сепак, конзервативците во Иран остро го критикувале празникот како дел од навлегувањето на западната култура. Во пресрет на Денот на вљубените во 2011 година, властите забраниле производство или продажба на подароци за прослава на празникот, како што се мечиња и предмети украсени со срца или црвени рози, иако спроведувањето било оставено на дискреција на поединечни полицајци. Службено, стоките поврзани со Денот на вљубените се забранети од 2016 година, додека кафулињата и сладоледџилниците биле информирани од полицијата дека промовирањето на „декадентна западна култура преку обредите на Денот на вљубените“ ќе биде сметано за кривично дело.

Стручњаците тврдат дека обидите за забрана на Денот на вљубените веројатно ќе ги охрабрат младите луѓе да учествуваат. Почнувачќи од 2018 година, празникот останува популарен и покрај ограничувањата.

Наводи

Категорија:Ден на вљубените Категорија:Историја на граѓанските права и слободи во Иран