Ашурски протести ― протести кои биле одржани на 27 декември 2009 година во Иран, против исходот од претседателските избори во јуни 2009 година, за кои демонстрантите тврдат дека биле нелегитимни поради изборна измама. Демонстрациите биле дел од протестите против иранските избори во 2009 година и биле најголемите од јуни. Во декември 2009 година, протестите доживеале ескалација на насилството.
Како одговор на овој протест, провладините демонстранти одржале собир три дена подоцна, на 30 декември (9 декември) за да ги осудат демонстрантите на Зеленото движење.
Позадина Неправилностите за време на претседателските избори во Иран во 2009 година предизвикале негодување кај многу Иранци. Иако послеизборните протести биле претежно мирни, избувна насилство, што довело до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите, додека некои отворени политички дисиденти биле приведени."Opposition leaders detained in Iran". Amnesty International (19 јуни 2009).
Неистомислениците продолжлеа да зборуваат против владата, што довело до понатамошни протести во декември 2009 година. На 19 декември 2009 година, починал поранешниот заменик-врховен водач Хосеин Али Монтазери, кој станал духовен водач на опозицијата. На погребот на Монтазери, одржан на 21 декември во Ком, присуствувале голем собир на луѓе и следеле судири меѓу безбедносните сили и ожалостените, што довело до понатамошни демонстрации во Ком и Исфахан. На 26 декември, паравоени сили на Басиџ, потчинети на Иранската револуционерна гарда, упаднале во џамија во Техеран каде што зборувал изучувачот и поранешен претседател Мохамед Хатами. Потоа следеле постојани судири во Техеран во кои „Џарас“, медиум на критичарите, процениле дека загинале од осум до десет лица.
Настани
Протести На 27 декември, демонстрациите во неколку градови продолжиле и во текот на светиот ден Ашура, кулминацијата на Мухарам. Демонстрантите во Техеран се собрале на различни места како што се плоштадот „Имам Хусеин“ и плоштадот „Азади“ . Демонстрантите тргнале од двете места по улицата „Револуција“.
Сејед Али Мусави, внук на Мир-Хосеин Мусави, бил меѓу убиените во насилството. Али Мусави починал на 27 декември 2009 година, кога наводно бил застрелан во грбот или во градите од страна на безбедносните сили за време на демонстрациите против оспорената изборна победа на Махмуд Ахмадинеџад.Hardliners seize Mousavi corpse as Iran regime hits back, timesonline, 29 декември 2009 Австралиската радиодифузна корпорација објавила дека Сејед Али Мусави бил удрен од возило пред да биде убиен. Според France 24, реформистичката семрежна страница Parlemannews соопштиле дека внукот на Мусави починал во болница, откако бил застрелан во градите. Според The Times, внукот на Мусави починал пред да пристигне во болницата. Иранскиот режисер Мохсен Махмалбаф, службен портпарол на кампањата на Мир-Хосеин Мусави во странство, изјавил за BBC во интервју дека иранската тајна полиција го повикала Сејед Али Мoусави неколку пати пред да биде застрелан, велејќи: „Ќе ве убиеме“.Iran reformist Mousavi's nephew 'got death threats', BBC, 29 декември 2009 Откако Али Мусави починал, неговото тело било однесено во болницата „Ебн-е Сина“, каде што демонстрантите протестирале надвор. Демонстрантите биле растерани со солзавец од страна на иранските безбедносни сили. Подоцна било откриено дека владата го отстранила неговото тело и го однела на непознато место во обид да ги задуши протестите.SEVEN IRANIAN OPPOSITION LEADERS ARRESTED - SEYED ALI MOUSAVI’S BODY GOES MISSING, San Francisco Sentinel, 28 декември 2009 Подоцна, било објавено дека неговото тело исчезнало, што ја исклучило можноста за брз погреб, додека државни извори посочиле дека е вршена обдукција. Мусави бил погребан на 30 декември.
Слични протести биле одржани и во други ирански градови, вклучувајќи ги Исфахан, Наџафабад, Шираз, Машхад, Арак, Тебриз, Бабол, Ардабил и Орумиех. Според извештаите, четири лица биле убиени во Тебриз, во северозападен Иран, на 27 декември, и едно во Шираз на југот на Иран. Пристапот за меѓународните медиуми бил ограничен од страна на иранската влада.
Државно контролираните медиуми првично негирале какви било смртни случаи, иако на 28 декември било наведено дека 15 лица загинале. На 30 декември, противсобирите организирани од владата во различни градови, вклучувајќи ги Техеран, Ком, Арак, Шираз и Исфахан, повикале на смрт на демонстрантите, а владините службеници добиле слободен ден од работа за да присуствуваат на демонстрациите.
Инцидентот предизвикале поголема штета на сфаќањето на јавноста за Зеленото движење кај иранските граѓани отколку другите дејствија на демонстрантите.
Насилство Според државната телевизија на Иран, џамијата Лолагар во Техеран била запалена од страна на демонстрантите, што довело до смрт на неколку луѓе во џамијата. Безбедносните сили наводно отвориле оган на денот на Ашура. Безбедносните сили првично ги негирале извештаите за смртни случаи, а началникот на полицијата, Азизолах Раџабзаде изјавил дека полицијата не била вооружена; државната телевизија подоцна ги признала жртвите. Било снимено аматерско видео кое покажало како безбедносен камион намерно ги прегазува демонстрантите. Безбедносните сили биле вооружени со пиштоли и пукале врз демонстрантите.
Апсења Меѓу стотиците луѓе уапсени по ашурските демонстрации, биле истакнати адвокати, новинари, свештеници и политичари, членови на семејствата на истакнати активисти за човекови права и реформистички политичари. Меѓу нив биле:
Ебрахим Јазди, генерален секретар на Движењето за слобода на Иран. Според извештаите, уапсена била и внуката на Јазди, Лејла Тавасоли. Сестрата на добитничката на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади, Нушин Ебади, која била приведена во очигледен обид да биде замолчена Ебади, која е во странство. Ширин Ебади напишала во изјава по апсењето на нејзината сестра: „мојата сестра не е политички активна, ниту е членка на која било организација за човекови права. Нејзиниот единствен злостор се чини дека е тоа што ми е сестра, а нејзиното апсење не е ништо помалку од политичка уцена и обид за притисок. Ова е уште еден метод што го користат властите во Иран за да ги спречат моите активности.“ Хешмат Табарзади, ирански новинар и ветеран демократски активист. Емад Баги, истакнат активист за човекови права и новинар, и раководител на Здружението за одбрана на правата на затворените. Според извештаите, Баги му рекол на своето семејство додека бил апсен дека „ќе биде силен во затвор и ќе се спротивстави на притисокот [од тврдокорните]“. Полицаецот што го апсел одговорил: „Тој [Баги] нема да живее толку долго за да се спротивставува“. Новинарите Машалах Шамсолваезин, Реза ал-Баша, Бадралсадат Мофиди, Мохамад Џавад Сабери, Насрин Вазири, Кајван Мерган, Реза Таџик, Мостафа Изадијан и Мостафа Каземијан. Мортез Хаџи, поранешен министер во владата и помошник на Хатами, како и заменик-министер на Хаџи, Реза Расули. Хасан Расул, помошник на Хатами и заменик-директор на Институтот „Баран“, исто така бил уапсен. Захра Бахрами, холандска и иранска државјанка со двојно државјанство, која била погубена во јануари 2011 година по обвинение за дрога.
Судења Многу луѓе биле изведени пред суд за учество во протестите. Најмалку едно лице било уапсено во врска со протестот, универзитетскиот предавач Абдолреза Ганбари кој живеел во Пакдашт, беше обвинет за „мохаребех“ (исламски поим што значи „војување против Бога“) и осуден на смрт.
Меѓународна реакција Владите на Канада, Франција, Германија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави го осудиле насилството. Претседателот на Соединетите Држави, Барак Обама ги критикувал постапките на иранската влада на протестите. Венецуела го осудила мешањето на западните влади во внатрешните работи на Иран.
Поврзано
Хронологија на протестите за време на иранските избори 2009 Политика на Иран
Наводи
Надворешни врски
Пет слики од демонстрации од Spiegel.de – Описите се на германски јазик Слики од улични борби од Fox News – Внимание: Сликите се многу вознемирувачки! Видеа на BBC
Категорија:Полициска бруталност во 2000-тите Категорија:Напади врз згради и градби во 2009 година Категорија:Исламот во 2009 година Категорија:Пожари во 2009 година во Азија Категорија:Палење во 2009 година Категорија:Палење во Иран Категорија:Напади врз џамии во Иран Категорија:Палење џамии во Азија Категорија:Ашура Категорија:Политички немири во 2000-тите Категорија:Протести во Иран Категорија:Протести против изборни резултати Категорија:Луѓе убиени во протести во Иран Категорија:Полициска бруталност во Иран Категорија:Движења со ненасилен отпор Категорија:Движења за граѓански права Категорија:Историја на граѓанските права и слободи во Иран Категорија:Валкани војни Категорија:Иран во декември 2009 година Категорија:Немири во 2009 година Категорија:Протести во 2009 година Категорија:Протести на иранските претседателски избори 2009