Џуџест лен или леновидна радиола () — цветно растение, единствен вид на истоимениот род џуџест лен (Radiola) на семејството леновите (Linaceae). Има многу кратко стебленце кое е повеќекратно поделено, со пар многу мали листови и по еден бел цвет на секој разгранок на краевите од гранчињата. Листовите се спротивно распоредени, јајцевидни по облик и без дршка.
Опис мини|десно|Пупка на џуџест лен во Чешка. Ова е мало тревесто, едногодишно растение. По големина е многу мало и нежно. Високо е 1,3-7,5 см, и двојбено разгрането (во лисните пазуви се дели на две гранчиња), повеќекратно поделено или чаталесто. Стеблата се голи и многу тенки, налик на нишки, со пречник од околу 0,5 мм. Често имаат виолетова или црвеникава нијанса.
Листовите се распоредени спротивно, и по по облик се обратнојајцевидни, или јајцевидни до елиптични. Тие се многу мали, долги само 1,5-2 мм и матнозелени или малку синкави, често со виолетова нијанса и прилично мазни. Имаат една жила и проѕирни рабови и ситни запчиња по работ.
Прицветници се листолики. Цвета од јули до август со бројни мали цветчиња, на врвовите од гранчињата или на секое подвоено стебленце. Тие се бели, со 4 еднакви чашкини и 4 венечни ливчиња. They are 1,0-1,5 мм long. Цветот има 4 дршки долги 0,5-0,8 мм со бели прашници. Поленот е многу ситен — 25 μм.W. Punt and G.C.S. Clarke (уред.)
Откако ќе процвета, излегува заоблена или топчеста семена чаура, Чаурите се широки 0,1 мм и имаат по 8 семки. Имаат јајчест облик, малку сплеснати на страните, со мазна сјајна површина.
Распространетост и живеалиште мини|десно|Џуџест лен крај бара во Чешка.
Распространетост Растението е домородно за умерена Европа (со Британија, Ирска) и европска Русија, Макаронезија (со Канарските Острови, Зелениот ’Рт и Мадејра), делови од АфрикаLund Botanical Society како и делови од Западна Азија.
Подоцна растението е внесено во Америка и сега вирее во Мејн, Њу Бранзвик и Нова Шкотска. Донесено и на Северниот Остров на Нов Зеланд (моклиштето Каимаумау).
Се смета за изумрен вид во ШвајцаријаPaństwowe Wydawn и редок вид во Литванија.
Во Македонија Во Македонија џуџестиот лен расте на влажни и песокливи места. Познат е за Прилеп — помеѓу гранитните блокови кон манастирот „Трескавец“ и Маркови Кули, а во Струмичко помеѓу селата Банско и Габрово, во заедница со Isoetes. Се посочува и за Селечка Планина (В. Матевски & М. Костадиновски, 1991).
Живеалиште It is a киселољубив вид (не трпи алкални почви), и расте на кисели и влажни почви, во тревишта и вресишта, на утрини, или крај бари и патчиња шумски патеки, и покрај патишта (во Шкотска). Во јужна Англија се среќава и по рабовите на езерца, во полиња, напуштени ливади и стари песочни копови а и на влажни блатни места во Девон. На Пиринејскиот Остров претпочита влажни шуми.Javier Loidi (уред.) Трпи неплодна, тресетеста или песоклива почва. Крај бреговите се среќава во меѓудински моклишта,Christoph Leuschner and Heinz Ellenberg sandy grassland, on machair, and in soil-filled rock cracks, or rocky outcrops. It is found at надморска висина од 0 до 100 м.
Екологија мини|десно|Џуџест лен во Холандија.
Во Британија вирее на кисели тревишта и вресишта, на тревести карпести стрмнини, по избразени рабови на патеки, крај шумски патеки, бари, во махири (тревести низини) во почва со карпести пукнатини (Wilmore 2002; Chater 2010; Rand & Mundell 2011). Во Дорсет често се среќава заедно со ситната метилка (Anagallis minima).
Во Ирска живее во заедница со слатинскиот тегавец Plantago maritima во густи изложени услови.Sir Arthur George Tansley
Во Полска расте заедно со други влагољубиви растенија како жолтиот смолец (Cyperus flavescens), ситната метилка (Centunculus minimus) и ’рскавката (Illecebrum verticillatum).
Во континентална Европа џуџестиот лен е присутен на средоземни песокливи тревишта, фумаролите на Пантелерија во Сицилија, во заедници каде преовладува гранестата ситка (Juncus bufonius) со ситна метилка (Centunculus minimus) и ситен црвен кантарион (Centaurium pulchellum) и времено поплавени билни заедници во соживот со надводникот (Elatine spp.), водната ѕвездичка (Damasonium bourgaei) и Валерандовата северница (Samolus valerandi, Anon 2013). Во Холандија е застапен на водести полиња кои се користат за лизгање кога ќе замрзнат во зимата.
Опстанок на семето Семето на џуџестиот лен опстанува во почвата дури и кога условите им оневозможуваат на повозрасните единки да виреат (Plassmann et al. 2009). Затоа растението е способно за опортунистичка колонизација на подрачја од овој семен клад кога ќе се подобрат условите, иако не е познато колку долго остануваат ’ртливи.
Иако се многу мали, познато е дека семките опстануваат во желудникот на животните, и може да пропатува големи растојанија на стапалата или пердувите на птиците (Salisbury 1970), or on the feet or hair of cattle.
Штетници Џуџестиот лен може да биде нападнат од ленова ’рѓа (Melampsora lini). (Lawrence et al. 2007)
Наводи
Наводи
Категорија:Ленови Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија