Веласкез Родригез против Хондурас — значајна судска постапка, решена од страна на Меѓуамериканскиот суд за човекови права (IACHR) во 1988 година. Тоа е битна судска постапка во областа на меѓународното право за човекови права, позната по својата анализа на одговорноста на државите за присилните исчезнувања. Неговото образложение влијаело врз други меѓународни трибунали за човекови права, вклучувајќи ја Африканската комисија за човекови и народни права и Европскиот суд за човекови права.

Позадина Анхел Манфредо Веласкез Родригез бил студент на Националниот автономен универзитет на Хондурас за време на владеењето на Поликарпо Паз Гарсија. Како студент бил активен во движењата што ја критикувале тогашната власт и учествувал во различни форми на политички активизам. На 12 септември 1981 година, во периодот меѓу 16:30 и 17:00 часот, Веласкез Родригез бил насилно одведен во Тегусигалпа. Според сведочењата на очевидци, неколку вооружени лица го присилиле да влезе во возило со затемнети стакла и без регистарски таблички, по што се оддалечиле од местото на настанот.

Веласкез Родригез никогаш повеќе не бил виден, а и никој не слушнал за него, а владата на Хондурас негирала какво било знаење за неговото местоположба.

Одлука Во 1988 година, IACHR утврдил дека Хондурас е одговорен за исчезнувањето на Веласкез Родригез. Судот образложил дека државата ги прекршила своите обврски според Американската конвенција за човекови права со тоа што не спровела ефикасна истрага за околностите околу исчезнувањето на Веласкез Родригез. Хондурас целосно се придржувал до наредбата за исплата на отштета на семејството на Веласкез Родригез, а случајот бил затворен на 10 септември 1996 година.

Наводи

Категорија:Историја на човековите права Категорија:Судски постапки