Амандманот за еднаквост — предложен Амандман на Устав на САД од страна на правниците Кимберле Креншо и Кетрин Мекинон. Тој првпат бил предложен во декември 2019 година во академскиот журнал Јеил Ла Журнал. Овој предлог е актуелна верзија на Амандманот за еднакви права (ERA) напишана од страна на Алис Пол од Национална женска партија, која првпат била предложена во 1923 година и не е ратификувана. Ова се разликува од Закон за еднаквост од 2021 година, кој бил предложен во Конгресот за забрана на дискриминација врз основа на биолошки пол, полски идентитет или сексуална ориентација. мини|206x206пкс|Професорката Кимберле Креншо
Причини за предложениот амандман Соединетите Американски Држави се единствената индустријализирана демократија која не ги обезбедува правата на жените во својот федерален устав. Иако потребните 38 држави го усвоиле амандманот од 2020 година, американскиот архивар не го ратификувал амандманот поради рок за ратификација утврден од Конгресот на 22 март 1979 година, кој некои државни одобрувања го надминале. Ова е и покрај фактот дека додавањето амандман на Уставот на САД за да се обезбеди родова еднаквост има широка поддршка во Соединетите Американски Држави. Во јули 2020 година, истражувачкиот центар Пју објавил дека 78% од Американците го поддржуваат додавањето на ERA во Уставот. Тужбата, Комонвелт на Вирџинија против Дејвид Фериеро, била поднесена во јануари 2020 година за да се принуди архиварот да ја ратификува ERA. На 5 март 2021 година, окружниот суд во Вашингтон го отфрлил случајот, наведувајќи дека објавувањето на ERA од страна на архиварот нема да претставува ратификација и сметајќи дека рокот за ратификација на ERA е законски. Ова им оставич на поддржувачите на ERA малку опции за понатамошни дејствија, вклучувајќи обид за продолжување на крајниот рок за ратификација на ЕRА или пишување нов амандман.
Ажурирања на формулацијата на амандманот мини|169x169пкс|Професорката Кетрин Мекинон Креншо и Мекинон се долгогодишни активистки за граѓански права кои тврдат дека Амандманот за еднакви права треба да се ажурира за да ги претставува современите интерсекциски прашања. ЕRА има долга историја на жени од различни раси кои работат за негова ратификација, како што се Ширли Чизхолм и Петси Минк. Тие го презентираат аргументот дека еднаквоста е основа на американската република и дека клаузулата за еднаква заштита не оди доволно далеку за да ја елиминира дискриминацијата врз основа на пол. Овој аргумент се темели на работата на претходни феминистички правни научници како што се Паули Мареј, Дороти Кенион и Рут Бадер Гинзбург. Според Макинон, која е еден од најчесто цитираните правни научници, ажурираната формулација користи интерсексуален пристап во својата цел да ги заштити правата на жените.
Член 1 од оригиналниот ERA гласи: „Еднаквоста на правата според законот нема да биде негирана или скратена од страна на Соединетите Американски Држави или од која било држава врз основа на пол.“ Член 1 од ажурираниот Амандман за еднаквост гласи: „Жените во целата своја различност ќе имаат еднакви права во Соединетите Американски Држави и на секое место што е предмет на нивната јурисдикција.“
Поддршка за амандманот за еднаквост Правниот научник Ким Форде-Мазруи тврди дека предложениот амандман за еднаквост „...подобро би ја промовирал еднаквоста на жените“. Професорката Џули Сук, експерт за историја на ERA, верува дека амандманот додаден во Уставот на САД, кој има за цел да им даде еднаквост на жените, треба „...да оди подалеку од недискриминацијата“.
Наводи Категорија:Родова еднаквост Категорија:Права на жените Категорија:Историја на човековите права