мини|Портрет на Есрон by Girolamo Tessari (1523 - 1526) Есрон () — име кое се јавува на неколку места во Стариот завет.

Може да се однесува на: Низина на југот на Јудеја, јужно од Кадис-Барнеа. (Исус Навин 15,3) Син на Рувим. (Битие 46,9) Внук на Јуда и дедо на Аминадав и прадедо на Наасон. Наасон бил брат на Елишева и шура на Арон. (Излез 6,23, Матеј 1,3)

Наасон бил назначен од Мојсеј по Божја заповед да биде водач на Јудиното племе. Тој бил син на Фарес, син на Јуда и еден од 70-мината што се преселиле во Египет со Јаков (Битие 46,12). За неговото семејство поподробно се зборува во 1 Летописи 2, каде се вели дека имал пет синови со повеќе од една жена. Од жена чие име не е наведено му се родиле Јерахмеел, Арам и Келувај (2,9). Од Авија, ќерка на Махир со која се оженил кога имал 60 години, му се родиле Сегув (2,21) и Ашхур. Ашхур се родил откако Есром веќе умрел. (2,24) Племенски поглавар кога Мојсеј ги извел Израилските синови од Египет. Починал во пустината.

Наводи

Библиографија

Категорија:Јудино племе Категорија:Личности од книгата Исход Категорија:Личности од книгата Битие Категорија:Исус Навин (библиска книга) Категорија:Личности од книгите Летописи