Света Варвара — стара селска црква во струшкото село Брчево, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на самото сретсело, а до нејзе се наоѓа и црквата „Св. Архангел Михаил“. Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Историја
За црквата не се знае кога е подигната, но била напуштена и не се користела одреден период.
Архитектура Икони и иконостас
Во новата црква се наоѓаат икони пренесени од стариот храм, а на една икона означена е 1860 година дарувана од Стојан Маркович, предок на родот Маркоски или Мечкароски.
Четири од престолните икони во стариот храм — Света Богородица, Свети Јован Претеча, Свети Архангел Михаил и Свети Никола — биле дело на мијачкиот мајстор Јосиф Мажовски и потекнуваат од 1870 година. На иконата на Света Богородица е потпишан како: „їз рȢки Їѡсиф зȢграфъ“.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Прва струшка парохија Брчево
Наводи
Надворешни врски
Брчево