Козјак (, Козјакас) — странично планинско било, дел од венецот Пинд во Трикалско, Грција. Масивот се протега на исток во Тесалиската Низина. Дел е од Натура 2000.

Историја Во антиката на ова подрачје живееле Атаманците, кои подоцна влегле во состав на Античка Македонија. Во XII век се сметал за дел од Голема Влашка. По османлиско време овој крај доживеал стопански расцут поради земјоделството, шумарството и ткаењето на волна. Планината е позната по валавниците.Козјак и Астропотаму (Ахелој)

Опис Козјак се одликува со голи и карпести падини, кланци и шуми од бор, ела, бука и даб. Преовладуваат карстните земјишни облици. Над 1.700 м.н.в. сртовите се голи и тревести како пасишта. Климата е студена, а количеството на врнежи изнесува 1.000 мм/км2 во сувата сезона, која трае само еден месец.

Највисок врв е Астрапи (Αστραπή) со надморска височина од 1.901 м. Во неговото подножје има планинарски дом.

На планината кај селото Пертули има скијачки капацитети. Се развива и екотуризмот.

Во пазувите на планината од страна на Трикала се наоѓа манастирот „Св. Висарион“.

Наводи

Надворешни врски

Статија за Козјак во списанието Οικολογική Επιθεώρηση

Категорија:Планини во Тесалија Категорија:Пинд