Брег кај Кочевје () — населба на левиот брег на реката Ринжа северно од Кочевје во Јужна Словенија. Областа е дел од традиционалниот регион Долењска и денес е вклучена во Статистичкиот регион Југоисточна Словенија.
Име Брег кај Кочевје првпат се сретнува во пишани извори како Rain во 1494 година. Германската општа именка Rain значи „брег“ и семантички одговара на словенечкото име Брег, обете се однесуваат на местоположбата на селото на брегот на реката Ринжа. Името на населбата било променето од Брег во Брег кај Кочевје во 1953 година.
Наводи
Надворешни врски
Breg pri Kočevju on Geopedia Pre–World War II map of Breg pri Kočevju with oeconyms and family names
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис Категорија:Населени места во Општина Кочевје Категорија:Општина Кочевје