Марко (IX – X в.) – деволски епископ во првата половина на X век. Бил ученик на св. Климент, потоа и на св. Наум. Ја продолжил нивната работа во организирањето на Охридската книжевна школа. По негова наредба еден анонимен ученик на св. Наум го создал „Првото Наумово словенско житие“, во кое житиеписецот го нарекол епископот Марко „четврти епископ на словенскиот јазик [народ]“. Според Јордан Иванов останатите тројца се Методиј, Климент и Константин.

Наводи

Категорија:Охридска книжевна школа