мини|Курт Заметрајтер,обершарфирер од Вафен-СС|355x355пкс

Обершарфирер ( — „виш водач на одред“) — воен чин во СС и СА, кој постоел од 1932 до 1945 г. Тој одговарал на чинот фелдвебел во Вермахтот.

Првично, чиновите во СС биле идентични со оние во СА, а чинот обершарфирер бил воведен во СС истовремено со СА. Чинот обершарфирер во СС бил еквивалентен на истиот чин во СА. Меѓутоа, по настаните од Ноќта на долгите ножеви, овој сооднос бил променет.

Системот на чинови во СС бил реорганизиран и биле воведени неколку нови чинови без аналог во СА. Чинот СС-обершарфирер бил „подигнат“ и станал еднаков на чинот трупфирер во СА. Ознаките на јаките биле променети, па наместо еден квадрат со сребрена линија (како во СА), ес-есовскиот чин добил два сребрени квадрата.

Во СА, обершарфирерите вообичаено биле команданти на помошни водови, каде што функцијата на командант спаѓала во категоријата на подофицери.

Ознаки на СС-Обершарфирер од Вафен-СС

По 1938 г., кога СС започнале да ја користат сивата теренска униформа, обершарфирерите од СС носеле погони идентични со оние на фелдфебелите од Вермахтот. Во единиците на Вафен-СС, обершарфирерите извршувале должности на командири на трети (а понекогаш и втори) водови во пешадиските, пионерските и другите чети, или пак должности на четни старешини. Во оклопните единици, обершарфирерите често биле командири на тенкови.

Понизок чинШарфирерЧинови во ССОбершарфирер(СС-Штандартејункер)Повисок чинХауптшарфирерПонизок чинШарфирерЧинови во САОбершарфирерПовисок чинТрупфирер

Литература

Наводи

Категорија:Втора светска војна