Бостонски светилник () — светилник сместен на островот Литл Брустер Ајленд во надворешното пристаниште на Бостон, Масачусетс. Првиот светилник на ова место бил изграден во 1716 г. и бил првиот светилник изграден на територијата на денешните Соединети Американски Држави. За време на Американската револуција, првичниот светилник бил заземен од британските сили, а во два наврата бил напаѓан и запален од американските сили. Кога британските сили се повлекувале во 1776 г., тие ја разнеле кулата и целосно ја уништиле.

Светилникот бил повторно изграден во 1783 г., со иста висина од 23 м како и оригиналната кула. Во 1856 г., тој бил подигнат на денешната висина од 30 м, а била додадена нова просторија за фенерот, заедно со 12-страна Френелова леќа од втор ред. Тој е втор најстар активен светилник во САД (по светилникот Сенди Хук во Њу Џерси) и е единствениот светилник што сѐ уште е активно опслужуван од Крајбрежна стража на САД, и покрај тоа што е автоматизиран во 1998 г. Градбата е прогласена за Национална историска знаменитост во 1964 г.

Историја мини|лево|Илустрација од 1729 г. на која се гледа сигналниот топ во заднина мини|лево|„Бостонски светилник“ (Leuchtthurm von Boston; Phare de Boston) од Карл Бодмер, 1839 г.

Првиот светилник во Америка бил поставен на островот Литл Брустер Ајленд во Бостонскиот Залив и првпат бил запален на 14 септември 1716 г. Одржувањето на светлото се финансирало преку данок на тонажа од 1 пени по тон за сите пловни објекти, освен за крајбрежните, кои влегувале или излегувале од пристаништето во Бостон.

Првиот чувар, Џорџ Вортилајк, со плата од 50 фунти годишно, исто така служел и како пилот за бродовите што влегувале во пристаништето. Во 1718 г., тој, неговата сопруга и ќерката, заедно со уште двајца мажи, се удавиле кога чамецот на светилникот се превртел додека се враќале на островот од Бостон. Младиот Бенџамин Френклин, тогаш печатар во Бостон, напишал балада за овој настан насловена како „Трагедија на светилникот“ и ја продавал по улиците на Бостон.

Наводи

Надворешни врски

Boston Light - United States Lighthouses Little Brewster Island web page, with visitor information.