Крајот на денот () — американски филм на ужасите од 2016 г., во режија на Вилијам Кауфман и сценарио на Чад Ло. Главната улога ја толкува Џони Стронг како скитник во постапокалиптичен Тексас, кој се согласува да им помогне на група преживеани, толкувани од Ленс Хенриксен, Луис Мандилор и Хаким Кае-Казим, да се спасат. Борецот во мешани боречки вештини Кшиштоф Сошински го игра водачот на вампирите што се обидуваат да ги убијат.
Содржина Многу години откако таинствен вирус го претворил поголемиот дел од човештвото во крвожедни суштества, скитникот Томас Рурк наидува на група преживеани во напуштена полициска станица. Тој неволно се согласува да им помогне да пронајдат одредено засолниште, кое станало последна надеж на луѓето за опстанок. Патем, тие ќе мораат да се соочат не само со заразените, туку и со банди ограбувачи. Самиот Рурк има и лична сметка со водачот на заразените.
Улоги
| Џони Стронг || Томас Рурк |- | Ленс Хенриксен || началник Френк Хил |- | Луис Мандилор || Итан Хил |- | Хаким Кае-Казим || Крис |- | Кшиштоф Сошински || Алфата |- | Крис Керсон || Дуган |- | Челси Едмундсон || Сем Шеридан |- | Гари Кернс || Дру
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови за вируси Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Постапокалиптични филмови Категорија:Американски акциони филмови