Георгиос Михаил () () — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самаринската школа.

Животопис Роден е во XIX век во влашкото село Самарина, Гребенско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1859 г. го живописал нартексот на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Дечани, Лариско. Тој е автор на фреските во католиконот на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Мироково, Трикалско. Зографскиот натпис гласи: „διά χειρός των ελαχίστων δούλον του Θεού Αθανασίου και Γεωργίου των εκ της κωμοπόλεως Σαμαρήνης“ (од рацете на скромните Божји слуги Атанасиос и Георгиос од паланката Самарина). Георгиос Михаил ги изработил фреските уште во црквата „Св. Никола“ во Котори, Трикалско. Во истата црква, негови се и иконата на Богородица од 1846 г. и недатираната икона „Св. Никола“.

Наводи

Категорија:Македонски зографи Категорија:Македонски иконописци Категорија:Претставници на Самаринската школа Категорија:Македонски Власи