Демати или Профитис Илијас ( или Δεμάτι) — планина во Загорско, Епир, Грција. Практично претставува јужен продолжеток на Гребеничките Планини.
Опис Ова е мала планина во источниот дел на Загорско, дел од венецот Северен Пинд. Претставува јужно продолжение на Гребеничките Планини, од кои е одвоен со преслап (1.070 м) јужно од с. Петра (950 м). На југ се протега до устието на реките Мечовица (Мецовитикос) и Арахтос.
Карпите се сочинети од флиш.
До врвот се стасува од селото Демати (1.000 м) за околу еден час. +ВрвовиИмеГрчкиВисочина (м)МестоположбаПрофитис Илијас, ДематиΠροφήτης Ηλίας, Δεμάτι 1.221ЗСЗ над Демати и СИ над БутанциЧукаΤσούκα 1.179С од ДематиКазармаΚαζάρμα1.119Пиргос, Аспри ПлакаΠύργος, Άσπρη Πλάκα1.050СИ од Света Варвара
Наводи
Категорија:Планини во Епир Категорија:Загори Категорија:Пинд