Dryopteris dilatata е вид листопадна или полузимзелена папрат од семејството Dryopteridaceae, што расте во Европа, особено во западна и централна Европа. Во јужна Европа, најчесто се наоѓа во планинските региони. Исто така, се наоѓа помеѓу Црното Море и Каспиското Море. Расте до 90 см во височина и 120 см во широчина. Има темнозелени триперни лисја, ребрата покриени со кафеави лушпи.
Латинскиот специфичен епитет dilatata значи „раширено“.
Опис Ова е папрат со речиси вертикален ризом. Листовите се долги еден метар и повеќе, меки се,. Лисната дршка е покуса од ламината, густо препокриена со лушпи и со мали, ретки, топчести, ѓолтеникави жлезди. Сорусите при зреење не се допираат помеѓу себе, индузиумот по работ е честопати назабен.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 71-72, МАНУ, Скопје, 1985
Во Македонија Во Македонија расте по влажни хумусни или каменливи почви во планинските предели. Познат е за планините Јакупица, Дудица и Пелистер. Се посочува дека е видена на Шар Планина.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Папрати