Трајко (Трајче) Ангелов (Велес, 9 август 1945 — Белград, 18 март 2026) — македонски астроном, астрофизичар и поранешен професор во Белградскиот универзитет.
Животопис Трајко Ангелов е роден на 9 август 1945 година во градот Велес, тогаш дел од Народна Република Македонија. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. За средно стекнал гимназиско образование кај СОУ „Кочо Рацин“. Околу 1950-тите се преселил во Белград, СР Србија. Во 1964 година се запишал во Природно-математичкиот факултет на Белградскиот универзитет. Докторирал во 1969 година по астрономија. Истовремено се вработил како асистент во Белградската опсерваторија „Звездара“. Следната година се вработил како асистент во Белградскиот универзитет, поточно во Факултетот за астрофизика.
Околу 1977-1978 година, работел во Чехословачка. Ја бранел неговата дисертација во 1981 година. Во 1996 година бил изгласан како редовен професор во универзитетот. Претежно ги предавал предметите: општа астрофизика, општа астрономија и теоретска астрофизика. Заедно со професорката Мирјана Вукиќевиќ-Карабин предавал Ѕвездена астрономија. Во 2013 година напишал училишна книга за ѕвездена астрономија. Објавил околу 22 научни дела. Претежно се занимавал со структура и еволуција на ѕвездите. Меѓу 2003-2005 година бил избран како декан за Факултетот за астрофизика во Белград. Во 2007 година кратко работел како в.д. декан. Во 2010 година се пензионирал.
Покрај неговото пензионирање, Ангелов продолжил да соработува со факултетот. За време на Пандемијата на КОВИД-19 во Србија, Ангелов прекинал да ги посетува. Кон крајот на 2025 година се заболел и на 19 март 2026 година починал.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Починати во Белград Категорија:Починати во 2026 година Категорија:Македонци во Србија Категорија:Македонски астрономи Категорија:Македонски астрофизичари Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Белградскиот универзитет