Рајна Дамјанова Вангелова () (Костур, 13 април 1895 – Детроит, 15 февруари 1970) — македонска општественичка, член на Македонската патриотска организација.

Животопис Роден е на 13 април 1895 г. во градот Костур, Егејска Македонија, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Нејзиниот татко Дамјан Матов бил деец на Костурската црковна-училишна општина и две години сместувал пансион во својот дом, поради што бил отруен од Грците во 1903 г. Кога нивната куќа била нападната од месните Грци во 1907 година, братот и сестрата на Рајна биле убиени, а нејзината мајка убила еден од напаѓачите и подоцна починала од раните. Се омажила за Коста Вангелов (1889–1932) од с. Кономлади. Во 1923 г. емигрирале во Соединетите Американски Држави, а во 1927 г. се населиле во градот Детроит, Мичиген. Двајцата биле активни членови на МПО „Татковина“.

Наводи

Категорија:Луѓе од Костур Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на МПО Категорија:Американски Македонци