Петар Серафимов Андов (Велес, 1927 — Гнилане, 17 март 1945 година) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната борба. Член и деец на Комунистичката партија на Југославија и подоцна Комунистичката партија на Македонија. Борец во Осмата македонска ударна бригада. Загинал во борбата кај Гнилане.

Животопис Петар Андов е роден во 1927 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Произлегува од сиромашно семејство, неговиот татко Серафим бил работник. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Во 1941 година се запишал во Велешката гимназија. По Априлската војна, Македонија паднала под Бугарска фашистичка окупација.

Незадоволен со режимот, Андов се приклучил во Сојузот на комунистичката младина на Југославија. Подоцна се приклучил во Комунистичката партија на Југославија. Имал желба да се приклучи во Народноослободителната борба но поради неговата возраст немал можност. Продолжил со неговото гимназиско образование сѐ до август 1944 година. Кога наполнил 18 години избегал од градот и се приклучил во новосоздадената Осма македонска ударна бригада. По реконструкција на бригадата, Андов бил назначен за курир. Учествувал во борбениот пат на бригада низ Скопска Црна Гора, Сува Гора и Тетовско.

Учествувал во ослободувачката битка на Велес на 9 ноември 1944 година. По ослободувањето на Македонија, Андов заминал за Косово со намера да учествувал во Сремскиот фронт. Таму работел како курир. Убиен од фашистичките Балисти на 17 март 1945 година во борбата кај Гнилане. Денес, неговите посмртни останки се наоѓаат во Велешката спомен-костурница.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1927 година Категорија:Починати во Гнилане Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Учесници во НОБ