Vaccinium uliginosum — евроазиско и северноамериканско цветно растение со плодови што се јадат од семејството вресови (Ericaceae).
Опис Vaccinium uliginosum е ниска листопадна грмушка, висока до 30 см, силно разгранета, со издолжени подземни ризоми. Стеблата се голи, цилиндрични, со сиво-кафеава боја, а понекогаш младите гранчиња имаат влакненца. Листовите се распоредени спирално, обратно јајцевидни или издолжени, долги 6–14 мм, цврсти и голи, со цели рабови. На долната страна имаат изразени жили, горе се сино-зелени, а одоздола сивкасто-зелени; врвот е заоблен, рабовите благо свиткани надолу, а основата се стеснува во кратка гола дршка. Цветовите се групирани по 1–4 во гроздовидни соцветија на врвовите на страничните гранчиња, со 4 или 5 делови, и висат надолу. Чашката е срасната со плодот и останува на него; има 4–5 делови, триаголни, тапи, кожести, црвенкави, и зафаќаат до една третина од венчето. Венчето е бело или розово, јајцевидно-топчесто, долго 4–5 мм; слободните делови на венечните листови се заоблени на врвот и странично раширени. Има 8–10 прашници, долги половина од венчето; филаментите се голи и покуси од антерите. Антерите се жолти, со две издолжени и заострени рогчиња, а секој лобус преминува во цевчест дел со широк отвор на врвот. Столпчето е подолго од прашниците, но пократко од венчето. Плодот е бобинка со повеќе семиња, долга 7–10 мм, со синкаво-црна боја.
Во Македонија расте во субалпски и алпски појаси на постудени места. Се среќава на Шар Планина, Јакупица, Кораб, Дешат, Баба, Ниџе, Дудица и Осогово. На Кораб е опишан var. frigidum Schur (Janka, 1926), со значително помали листови. На Кораб се наоѓаат примероци што одговараат на f. longifrons Bornm., каде листовите се најмалку трипати подолги од ширината и завршуваат со заострен врв.
Варијабилност Опишани се два подвида, иако меѓу стручната јавност сè уште постојат несогласувања околу нивното разликување. Како резултат на тоа, единствено типичниот подвид Vaccinium uliginosum subsp. uliginosum има добиено пошироко признание:
Vaccinium uliginosum subsp. microphyllum Lange – Арктички растенија Vaccinium uliginosum subsp. uliginosum (Vaccinium uliginosum subsp. uliginosum):
Распространетост и живеалиште Растението е по потекло од ладните умерени региони на Северната Хемисфера - на ниски надморски височини во Арктикот и Балтикот, а на големи надморски височини јужно кон Пиринеите, Алпите и Кавказот во Европа; на планините во Монголија, северна Кина, Корејскиот Полуостров и централна Јапонија во Азија; како и на Сиера Невада во Калифорнија и Карпестите Планини во Јута во Северна Америка.Vander Kloet, Sam P. (2009).
Vaccinium uliginosum може да поднесе долги, тешки климатски осцилации.
Употреба Бобинките може да се јадат сурови или варени, да се користат за правење желе или пити, сушени за правење пемикан.
Во корејската кујна, боровинката се користи за правење жесток пијалак со арома на боровинка (Deuljjuk- sul).
Галерија
Наводи
Литература
Надворешни врски
Jepson Manual treatment of Vaccinium uliginosum – flora of California. Flora Europaea: Vaccinium uliginosum Plants of British Columbia: Vaccinium uliginosum
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Гренланд Категорија:Флора на Канада Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Алпите Категорија:Планински растенија Категорија:Бобинки Категорија:Боровинки (род) Категорија:Флора на Македонија