Црвена смрека (науч. Juniperus oxycedrus) ― вид смрека, автохтон низ медитеранскиот регион, кој расте на различни карпести места.

Опис Дводомно грмушесто растение, а поретко расте како дрво со висина до 14 метри. Листовите се долги до 2 см, широки 2 мм, на врвот зашилени, боцливи, расперени, на горната страна со две сивкасти пруги во кои се сместени стомите, одвоени со средната жила. Шишарката бобинковидна, созрева во втората година, тркалезна или малку издолжена. Зрелата бобинковидна шишарка е црвеникаво кафеава до темногримизна, сјајна и обично содржи по 3 слбодни семенки.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 83, МАНУ, Скопје, 1985

Во Македонија Во Македонија расте во пониските места на различни подлоги, каде е поизразено влијанието на медитеранската клима, а врз варовничка подлога се искачува и над 1400 метри. Се среќава по речиси цела територија на Македонија, со исклучок на планинските подрачја што се одликуваат со поизразена континентална клима.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 83, МАНУ, Скопје, 1985

Подвидови Juniperus oxycedrus е многу варијабилен и се признаваат повеќе подвидови. Сепак, повеќе студии покажаа дека подвидовите не се тесно поврзани еден со друг, што резултираше со препознавање на повеќе видови: Juniperus oxycedrus L. Juniperus navicularis Gand. (syn. J. oxycedrus subsp. transtagana) Juniperus deltoides R.P.Adams Juniperus macrocarpa (syn. J. oxycedrus subsp. macrocarpa)

Дополнителна сорта или подвид Juniperus oxycedrus var. badia H.Gay (син. Juniperus oxycedrus subsp. badia (H.Gay) Debeaux) се разликува врз основа на поголемите шишарки (во дијаметар), со виолетова нијанса кога е зрела, опишан е од северен Алжир, а пријавен е и од Португалија и Шпанија.

Други блиски роднини на Juniperus oxycedrus се Juniperus brevifolia на Азорските Острови, Juniperus cedrus на Канарските Острови и Juniperus formosana во источна Азија.

Употреба Есенцијално масло добиено преку дестилација на дрвото од оваа грмушка се користи во некои козметички производи и (традиционални) лекови за третман на кожа. Тоа е темно, ароматично масло со силен мирис на чад кое во ретки случаи, предизвикало сериозни алергиски реакции кај доенчиња.

Наводи

Надворешни врски

Juniperus oxycedrus - информации, единици за генетска конзервација и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Дводомни растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Италија Категорија:Смреки Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија