Prunus insititia, наречена и магарешка слива ― јадливо овошје, подвид на домашната слива (Prunus domestica subsp. insititia), чии плодови се мали, јајцевидни, и се широко користени за кулинарски цели, особено за џемови.
Точното потекло на Prunus domestica subsp. insititia не е познато со сигурност. Често се смета дека овој вид настанал преку диви вкрстувања, веројатно во Мала Азија, помеѓу трнинка, Prunus spinosa, и сливата џанка, Prunus cerasifera.
Овој вид бил донесен во американските колонии од англиските доселеници пред Американската револуција. Се сметало дека подобро напредува во континенталниот дел на САД отколку другите европски сорти сливи; многу од најраните споменувања на европските сливи во американските градини се однесуваат на овој вид. Ова било омилено дрво на раните колонисти, а денес може да се најде како расте диво во држави како што е Ајдахо.
Бела слива Иако поголемиот дел од сортите на овој вид се сино-црни или виолетови по боја, постојат барем две сега ретки форми на „бела слива“, обете имаат зелена или жолто-зелена кора. Националната колекција на овошје има додатоци на бела слива од овој вид кои можеби првпат се споменати во 1620-ти години.десно|мини|Сливовица е дестилиран пијалак направен од овие сливи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Овошни дрва Категорија:Флора на Ирска Категорија:Флора на Велс Категорија:Слива Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Англија Категорија:Флора на Европа