Јордан Николов Васков (Велес, 1880 — Мариово, 9 мај 1917) — македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Мајор во војската на Царството Бугарија.
Животопис Јордан Васков е роден во 1880 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од револуционерното семејство Васкови. Неговиот најстар брат Панче Васков бил значаен деец во Македонското национално движење, подоцна станал член на ВМРО (Обединета). Петар Васков бил ликвидиран во борбата кај Лаџаќој против турските аскери. Иван Васков бил просветителен деец и подоцна борец во Македоноско-одринските доброволни чети. Јордан Васков стекнал основно образование во неговиот мајчин град.
Во 1898 година се запишал во Солунската машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“. Во 1902 година завршил со гимназиско образование како дел од седумнаесетта генерација на воспитаници. Истовремено се приклучил во Македонската револуционерна организација. Меѓу учебната 1902-1903 година работел како професор во Велес. Во тоа време бил член и на Велешкиот револуционерен реон. По Илинденското востание се преселил во Царството Бугарија каде се приклучил во државната војска.
За време на Првата светска војна, Јордан Васков бил мајор. Служел во втората рота на Педесет и четврти битолски пешадиски полк. Поради тоа бил награден со орденот „За храброст“.ДВИА, ф. 40, оп. 1, а.е. 221, л. 66; ф. 1, оп. 4, а.е. 2, л. 125-126 Загинал на 9 мај 1917 година кај Мариово при Македонскиот фронт. Денес е погребан во Прилеп.ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 223, л. 22; а.е. 552, л. 93
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1880 година Категорија:Мариово Категорија:Починати во 1917 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на МРО Категорија:Македонски офицери Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Отомански Македонци Категорија:Седумнаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Васкови