Иван Николов Васков (Велес, 16 ноември 1872 — Софија) — македонски просветителен деец и професор во Солунската машка гимназија.
Животопис Иван Васков е роден на 16 ноември 1872 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од револуционерното семејство Васкови. Неговиот најстар брат Панче Васков бил значаен деец во Македонското национално движење, подоцна станал член на ВМРО (Обединета). Петар Васков бил ликвидиран во борбата кај Лаџаќој против турските аскери. Јордан Васков бил мајор во војската на Царството Бугарија, загинал во Првата светска војна. Иван Васков стекнал основно образование во неговиот роден град.
Во 1886 година се запишал во Солунската машка гимназија. Завршил со гимназиско образование во 1890 година како дел од петта генерација на воспитаници. Истовремено тој се запишал во Софискиот универзитет каде завршил во 1893 година. Преку Бугарската егзархија тој се вработил во Солунската машка гимназија како професор. При Хуриетот, меѓу 1908-1910 година, Васков работел во Солунската женска гимназија. Меѓу 1908-1912 година тој бил прв и последен претседател на друштвото „Солунски јунак“.
При Балканските војни, Иван Васков се приклучил во Македонско-одринските доброволни чети. Дејствувал како борец од Втората скопска чета. По војната се преселил во Царството Бугарија. Во 1933 година пишувал статии во весникот „Тракија“ (1921-1935). Починал во Софија.
Статии
Юнашката организация в гр. Солун (1934) — објавено во „Зборник Солун“, Софија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонци од Балканските војни Категорија:Отомански Македонци Категорија:Васкови