Никола Саздов Весов (Велес, 1891 — ?) — македонски архитект. Дел од дваесет и четвртата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.

Животопис Никола Весов е роден во 1891 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од моќното трговско семејство Весови. Неговиот татко Саздо Весов (1846 — 1908) бил истакнат трговец и борец за самостојна македонска црква. Андреј Весов (1873 — 1907), постариот брат на Никола, бил деец на Македонската револуционерна организација, подоцна убиен од грчката вооружена пропаганда. Никола Весов стекнал основно образование во неговиот роден град.

Во 1906 година се запишал во Солунската машка гимназија. Завршил со неговото гимназиско образование во 1910 година како дел од дваесет и четвртата генерација на воспитаници. Стекнал више образование во Минхенскиот универзитет по технологија. Во Првата светска војна, тој се приклучил во војската на Царството Бугарија. Поради тоа бил награден со орденот „За заслуга“.ДВИА, ф. 1, оп. 4, а.е. 2, л. 13-14

Како архитект, тој работел во градбата на згради во Горна Џумаја и Софија.ДА-Благоевград, ф. 125К, оп. 1, а. е. 7, л. 60

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1891 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски преселници во Горна Џумаја Категорија:Македонски архитекти Категорија:Отомански Македонци Категорија:Бугарски воени лица Категорија:Бугарски архитекти Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија) Категорија:Македонци од Првата светска војна