Ceratophyllaceae е космополитско семејство на цветни растенија, вклучувајќи еден жив род кој најчесто се среќава во бари, мочуришта и тивки потоци во тропските и умерените региони. Тоа е единственото постоечко семејство во редот Ceratophyllales.

Живиот Ceratophyllum расте целосно потопен, и најчесто лебди на површината и не толерира суша.

Таксономија Видовите од семејството Ceratophyllaceae се сметале за роднини на Nymphaeaceae и биле вклучени во воднобожуровидните (Nymphaeales) во Кронквистовиот систем, но истражувањата покажале дека не се тесно поврзани со нив или кое било друго постоечко растително семејство. Некои рани молекуларни филогении сугерирале дека е сестринска група на сите други скриеносеменици, но поновите истражувања сугерираат дека е сестринска група на евдикотите. Системот APG III го сместил семејството во свој ред, Ceratophyllales. Системот APG IV ја прифаќа филогенијата прикажана подолу:

Изумрената фамилија Montsechiaceae, која го содржи родот Montsechia, е исто така ставена во редот Ceratophyllales.

Родови Семејството содржи еден жив род и неколку изумрени родови опишани од фосилните записи, вклучувајќи го и едно од најраните растенија што носат овошје, слатководниот род Donlesia.

Ceratophyllum †Ceratostratiotes †Donlesia

Наводи

Категорија:Слатководни растенија Категорија:Скриеносеменици Категорија:Статии со микроформати за вид