Agrimonia е род од 12-15 видови повеќегодишни тревни скриеносеменици од семејството рози, по потекло од умерените региони на Северната полутопка, со еден вид и во Африка.
Видовите Agrimonia се користат како храна од страна на ларвите на некои видови пеперуги, вклучувајќи го и Pyrgus (забележан на A. eupatoria) и сивкавата дебелоглавка.
Опис Многугодишни тревести растенија со вертикални разгранети стебла, Целото растение со прости влакна и со точкасти жлезди. Листовите непарно перести, со мали ливчиња помеќу паровите од поголеми ливчиња, ливчињата по работ напилени. Соцветијата до 30 цм долги. Цветовите по главната оска, со куси дршки, со 2 прицветничиња, хермафродитни, по прецветувањето се свиткуваат надолу. Чашкините ливчиња 5. по прецветувањето се свиткуваат навнатре и трајно остануваат на плодот, епикаликс нема. Хипантиумот ѕвонест, останува тврд, а на врвот по работ е со кукести четинки. Венечните ливчиња 5, жолти. Прашниците 5-20. Плодникот од 2 карпели. Во хипантиумот се развиваат 1-2 оревчиња.
Видови
Agrimonia eupatoria – (Европа, Азија, Африка) Agrimonia gryposepala – (Северна Америка) Agrimonia incisa – (Северна Америка) Agrimonia coreana – (источна Азија) Agrimonia microcarpa – с (Северна Америка) Agrimonia nipponica – (источна Азија) Agrimonia parviflora – (Северна Америка) Agrimonia pilosa – (источна Европа, Азија) Agrimonia procera - (Европа) Agrimonia pubescens – (Северна Америка) Agrimonia repens – (југозападна Азија) Agrimonia rostellata – (Северна Америка) Agrimonia striata – (Северна Америка)
Употреба Во античко време, се користела во бањи на стапала и за лекување на уморни стапала. Agrimonia има долга историја на медицинска употреба. Античките Грци ја користеле Agrimonia за лекување на очни заболувања, а од неа се правеле напивки за дијареја и нарушувања на жолчното кесе, црниот дроб и бубрезите.Galen (Κλαύδιος Γαληνός), De methodo medendi 13.920K. . Англосаксонците ја вареле Agrimonia во млеко и ја користеле за подобрување на еректилната функција. Тие, исто така, правеле раствор од листовите и семките за заздравување на рани; што продолжило во средниот век и потоа, во препарат наречен eau d'arquebusade, или „вода од мускета“. Се додавал во чај како пролетен тоник. Според Германската федерална комисија за фитотерапија - монографија Agrimonia, објавена 1990 година, може да се примени при „блага, неспецифична, акутна дијареја“ и „воспаление на оралната и фарингеалната мукоза“, а надворешната апликација се користела при „благо, површинско воспаление на кожата“.
Фолклор Традиционалниот британски фолклор вели дека ако гранче од Agrimonia eupatoria се стави под главата на некој човек, тој ќе спие сè додека не го отстрани.
Наводи
Надворешни врски
Agrimonia L. — Атлас на жива Австралија „Агримонија (Agrimonia eupatoria, pilosa, grysopetela и други видови)“ — Форум за билки
Категорија:Лековити растенија Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија