Свети Петар — слика масло на платно од 1608 година, насликана од Ел Греко во Толедо кон крајот на својот живот. Сега се наоѓа во Манастирот дел Ескоријал во близина на Мадрид.
На неа е прикажан апостолот како стои на врвот на планина држејќи врзоп клучеви, осврнувајќи се на Христовата задача до Петар како „карпата врз која ќе ја изградам црквата Моја. Ќе ти ги дадам клучевите од царството небесно“. (Матеј 16:18–19). Тешката набрана облека и нерамномерноста помеѓу главата и телото се типични за уметникот.
Библиографија АЛВАРЕЗ ЛОПЕРА, Хозе, Ел Греко, Мадрид, Арланца, 2005 година, Библиотека „Descubrir el Arte“, (колекција „Grandes maestros“). . ШОЛЦ-ХЕНСЕЛ, Мајкл, Ел Греко, Колонија, Ташен, 2003 година. .
Надворешни врски
Категорија:Слики од Ел Греко Категорија:Уметнички слики од 1608 година Категорија:Слики во Ескоријал