Владимир Хаџи Јованов Весов (Велес, 1882 — Софија, 7 август 1967) — македонски архитект, дел од дваесет и трета генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.Парцел 25 (2016) од София помни

Животопис Владимир Весов е роден во 1882 годинаСпоред егзархиски попис во градот Солун во 1907 година, каде Владимир е наведен да има 25 години возраст.. с. 174, бел. 95. во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од моќното трговско семејство Весови. Неговиот татко Хаџи Јован Весов бил истакнат политичар и претседател на Солунската црковно-училишна општина. Владимир стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Во 1905 година се запишал во Солунската машка гимназија. Завршил со неговото гимназиско образование во 1909 година како дел од дваесет и третата генерација на воспитаници.

Стекнал више образование за инженерство во Минхен, Германија. Учествувал во Првата светска војна како дел од војската на Царството Бугарија. Меѓувоено работел како архитект во Пиринска Македонија. Неговото најпознато дело е црквата „Свети Архангел Михаил“ во Крупник, Горноџумајско. Учествувал во источниот фронт при Втората светска војна. Повоено се приклучил во Македонскиот научен институт. Починал на 7 август 1967 година во Софија.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Починати во 1967 година Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Македонски офицери