Финалето на Светското првенство во фудбал 2026 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство 2026 година. Ова било 23-то финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кои се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на стадинот МетЛајф во Ист Ратерфорд, Њу Џерси, САД на 19 јули 2026 година.

Во финалето играле репрезентациите на Шпанија и Аргентина, а главен судија бил Славко Винчиќ од Словенија.

Шпанија целосно доминирала во натпреварот создавајќи голем број на шанси, но никако не успевале да го совладаат аргентинскиот голман Емилијано Мартинес, кој го завршил натпреварот со 11 одбрани. Пред крајот на регуларното време, Аргентина останала со играч помалку откако Енцо Фернандес бил исклучен поради добивање на втор жолт картон. Во продолженијата, Шпанија го засилила притисокот кон аргентинскиот гол и на почетокот на второто продолжение по еден центаршут во шеснаесеттникот, двајцата играчи влезени од клупата комбинирале за погодокот за водство на Шпанија: Нико Вилијамс ја вратил топката со глава, а на неа натрчал Феран Торес, кој со прецизен удар ја сместил во мрежата на Аргентина. До крајот на натпреварот Шпанија го одбранила водството и ја победила Аргентина со 1-0.

Со овој успех, Шпанија ја освоила својата втора титула на Светските првенства, по онаа на првенството во 2010 година.

Вовед Светското првенство во фудбал 2026 било 23-тото издание на Светските првенствжа, натпреварување на ФИФА за национални тимови, кое се одржало во САД, Мексико и Канада во перидот од 11 јуни до 19 јули 2026 година. На турнирот за прв пат учествувале 48 репрезентации, во споредба со дотогашните 32 на Светското првенство 2022. На турнирот репрезентациите биле распоредени во дванаесет групи од по четири, при што сите екипи играле меѓусебно по еднаш во Бергеров систем. Првите две екипи од секоја група, заедно со осумте највисоко рангирани третопласирани екипи, се пласирале во нокаут фазата, каде што сите натпревари натаму биле единечна елиминација.

Шпанија ја имала освоено титулата на СП само еднаш претходно, победувајќи ја Холандија во финалето на СП 2010 во Јоханесбург, Јужна Африка. Тие стигнале до финалето по серија од 37 натпревари без пораз во регуларното време - изедначени со Италија во најдолги низи во историјата на машкиот репрезентативен фудбал - и го освоиле Европското првенство 2024. Аргентина била бранител на титулата од Светското првенство 2022, каде ја освоила својата трета титула, по претходните успеси во 1978 и 1986. Аргентина, исто така, завршила како второпласирана три пати, во 1930, 1990 и 2014. Аргентина, исто така, дошла на првенството како јужноамерикански шампион, освојувајќи ја својата 16-та титула на Копа Америка во 2024. Шпанија и Аргентина играле меѓусебно четиринаесет пати од 1952 година, при што двата тима победиле на шест натпревари. Тие се сретнале еднаш на Светско првенство, во групната фаза на СП 1966, каде Аргентина победила со 2–1. Нивниот последен меѓусебен дуел бил пријателски натпревар во Мадрид на 27 март 2018 година, во кој Шпанија славела со 6–1.

Финалето во 2026 година било и првото во историјата на Светските првенства во кое учествувале два актуелни континентални шампиони, како и двете најдобропласирани екипи на Светската ранг-листа на ФИФА. Како континентални шампиони, Шпанија и Аргентина требало да играат меѓусебе во Финалисима 2026 во Катар. Сепак, натпреварот бил откажан поради Иранската војна и неможноста да се договорат за ново место на одржување. Финалето во 2026 година, било исто така второ натпреварување помеѓу две земји кои воглавно зборуваат шпански јазик, после финалето меѓу Уругвај и Аргентина на првото СП во 1930. Покрај тоа, тоа за првпат во историјата на СП во финалето да играат две земји кои ќе бидат домаќини на следното издание: Шпанија ќе биде еден од главните домаќини (заедно со Мароко и Португалија), а Аргентина ќе биде домаќин на натпревар по повод стогодишнината (заедно со Парагвај и Уругвај). Официјалната топка за натпреварот, која се користела во полуфиналето, натпреварот за третото место и финалето, била варијација на Adidas Trionda наречена „Trionda Final“. Иако техничките спецификации останале исти, таа имала посебен дизајн со златна, црна и црвена шема на бои.

Стадион

Финалето се играло на стадионот МетЛајф, привремено преименуван во стадион „Њујорк, Њу Џерси“ за Светското првенство, во Ист Радерфорд, Њу Џерси, 8 км западно од Њујорк Сити. Првично предвиден за крајот на 2023 година, стадионот бил најавен како конечно место за одржување на натпреварите во февруари 2024 година. Стадионот „МетЛајф“, претходно познат како стадион „Њу Медолендс“ до 2011 година, бил отворен во 2010 година и има капацитет од 82.500 седишта. Дом е на Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс од Националната фудбалска лига (НФЛ) и претходно бил домаќин на Супербоул XLVIII во 2014 година, и на финалето на Копа Америка Сентенарио во 2016 година, како и на финалето на Светското клупско првенство 2025. Во текот на турнирот, стадионот бил домаќин на седум други натпревари, вклучувајќи пет натпревари од групната фаза, натпревар од шеснаесттинафиналето и натпревар од осминафиналето.

Меѓусебни дуели

Патот до финалето

Шпанија Рунда Аргентина Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат 0–0 Натпревар 1 3–0 4–0 Натпревар 2 2–0 1–0 Натпревар 3 3–1 Победник на Група Х Табела на групата ХНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321050+57 2.30302203 3.302134-12 4.302115-42 Завршен поредок Победник на Група Ј Табела на групата ЈНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.330081+79 2.31116604 3.311157-24 4.300338-50 Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат 3–0 Шеснаесттинафинале 3–2 1–0 Осминафинале 3–2 2–1 Четвртфинале 3–1 2–0 Полуфинале 2–1

Натпреварот Детали

GK 23Унаи СимонRB 12Педро ПороCB 22Пау КубарсиCB 14Емерик Лапорт LB 24Марк КукурељаDM 16Родри CM 10Дани Олмо CM 8 Фабијан Руис RF 19Ламин ЈамалCF 21Микел Ојарсабал LF 15Алекс Баена Замени:FW 7 Феран Торес MF 20Педри MF 6 Микел Мерино FW 17Нико Вилијамс MF 18Мартин Субименди DF 4 Ерик Гарсија Селектор:Луис де ла Фуенте GK 23Емилијано МартинесRB 4 Гонсало Монтиел CB 13Кристијан Ромеро CB 6 Лисандро Мартинес LB 3 Николас ТаљафикоRM 7 Родриго Де Паул CM 24Енцо Фернандес CM 20Алексис Макалистер LM 15Николас Гонсалес CF 10Лионел Меси CF 9 Хулијан Алварес Замени:DF 19Николас Отаменди MF 5 Леандро Паредес DF 26Науел Молина DF 25Факундо Медина FW 17Џулијано Симеоне DF 2 Маркос Сенеси Селектор:Лионел Скалони

Играч на натпреварот: Феран Торес (Шпанија)

Помошни судии: Томаж Кланчик Андраж Ковачиќ Четврти судија: Адхам Махадмех Video assistant referee: Бастијан Данкерт Помошни VAR судии: Николас Гало Хамис Ал-Мари |}Правила на натпреварот 90 минути 30 минути продолженија ако е потребно Пенали ако резултатот и понатаму е нерешен Максимално 15 играчи на клупата Максимално 5 замени, со можност за шестта доколку се влезе во продолженија Максимално 3 можности за замени, со можност за четврта доколку се влезе во продолженија

Статистика СтатистикаШпанијаАргентинаГолови10Вкупно удари202Удари во рамка120Посед на топка65%35%Корнери94Прекршоци2125Офсајди41Жолти картони07Црвени картони01

Наводи

Надворешни врски FIFA World Cup 2026, FIFA.com

Категорија:Светско првенство во фудбал 2026 Категорија:Спорт во Ист Ратерфорд Категорија:САД во 2026 година Категорија:Фудбалот во 2026 година Категорија:Фудбалски натпревари на шпанската репрезентација Категорија:Фудбалски натпревари на аргентинската репрезентација