Тркалезнолистен здравец () — вид едногодишно растение од семејството здравци. Домороден е во умерена клима низ поголемиот дел од Европа, Северна Африка и Југозападна Азија. Неговата рспространетсост се шири на север, како одговор на глобалното затоплување.Streeter D, Hart-Davies C, Hardcastle A, Cole F, Harper L. 2009. Collins Flower Guide. Harper Collins Видот претпочита суво, песочно или каменесто живеалиште, вклучувајќи стари ѕидови, железнички баласт и градежен шут, вклучително и во урбаните средини.
Опис Општи одлики и стебло Тркалезнолисниот здравец е едногодишно растение, високо 10–40 см, разгрането, од основата со неколку стебла. Стеблото е тркалезно, со надолжни ребра и бразди, црвеникаво, во основата само со прости долги и куси расперени влакна, а во погорните делови покрај нив и со долги расперени жлездести влакна.
Листови Листовите од двете страни се со прилегнати влакна, на изглед тркалезни до заоблено-бубреговидни, широки 3 до 7 см, 1/3–1/2 насечени на 5 до 7 обратно-јајцевидни дела, кои потоа се повторно насечени на 3 заоблени дела. Базалните листови се со многу долги дршки, а стеблените листови, кои се наспрамни, се со покуси дршки, но обично подолги од лиската (ламината). Прилисниците се многу мали, триаглести, црвени, со густи влакна по површината и со долги влакна по работ.
Соцветие и цвет Цветовите се по 2 заедно, со дршки до 2 пати подолги од чашката, поставени на една долга заедничка дршка во пазувите на еден лист. Дршките се со куси прости прави влакна, а покрај нив и со расперени долги жлездести влакна. На границата помеѓу дршките се присутни 4 копјести црвени прицветници (прицветници). По прецветувањето дршката на цветот се спушта надолу.
Чашка и венче Чашката е мала и малку се зголемува со образувањето на плодот. Чашкините ливчиња се долги 5 до 6 мм, зелени, елиптични, на врвот со многу кусо шилесто продолжение, со 3 црвени жили, со густи куси и долги расперени влакна и поретки долги жлездести влакна. Венчето во долниот дел е розово. Венечните ливчиња на врвот се заоблени или рамни, а многу ретко плитко всечени, за 1/4 или за 1/3 подолги од чашкините ливчиња, во основата без влакна, во долната третина тесно клиновидни.
Прашници и плод Прашниците се долги колку чашката или малку подолги. Прашниковите конци (филаментите) во долниот дел постепено се малку проширени, но без влакна по работ. Плодните делови се со куси расперени влакна, а клунестиот дел со куси расперени прости влакна и долги расперени жлездести влакна. Семките се светлокафеави со мрежеста структура по површината.
Живеалиште Тркалезнолисниот здравец се наоѓа по брдски пасишта, карпи, камењари, покрај патишта и ниви, како и по грмушести места.
Распространетост Природната распространетост на тркалезнолисниот здравец е Евроазија и Африка: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition
Авганистан, Албанија, Алжир, Австрија, Азорски Острови, Балеарските Острови, Балтичките држави, Белорусија, Белгија, Бугарија, Канарски Острови, Корзика, Кипар, Чехословачка, Источноегејски Острови, Египет, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Индија, Иран, Ирак, Ирска, Италија, Казахстан, Киргистан, Крит, Крим, Либан-Сирија, Либија, Мадеира, Мароко, Северозападна Европа, Русија, Оман, Пакистан, Палестина, Португалија, Романија, Сардинија, Саудиска Арабија, Сицилија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Таџикистан, Закавказје, Тунис, Турција, Туркменистан, Украина, Узбекистан, Западни Хималаи, Синџијанг, Југославија.
Македонија Во Македонија се наоѓа на повеќе места: Жеденска Клисура; Таорска Клисура; клисурата на реката Пчиња; Велес – Дервен; клисурата на реката Бабуна; Свети Николе – Богословец; околината на Штип; околината на Прилеп; Гевгелија – с. Ѓопчели.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Европа Категорија:Здравец